Тибетските јазици се подгрупа на тибетско-бурманските јазици, кои се зборуваат воглавно од Тибетските народи, кои пак живеат во и околу Тибет. Јазиците се зборуваат во Тибет, Кина, Бутан, Непал и делови од Индија. Класичниот тибетски јазик е главен литургиски јазик, кој се користел за будистичката литература. Овие јазици воглавно се пишуваат со тибетско писмо.
Централнотибетските дијалекти од Ласа, Кам и Амдо се гледаат како дијалекти на еден тибетски јазик, особено поради фактот што сите тие имаат една стандардна форма. Ѕонгка, националниот јазик на Бутан, шерпскиот, сикимско-тибетскиот и ладакискиот се сметаат за засебни јазици.
Овие јазици ги зборуваат околу 8 милиони луѓе. Со проширувањето на Тибетскиот Будизам низ светот, тибетскиот јазик се проширил и во Западниот свет. Класичниот тибетски јазик не бил тонски јазик, но некои дијалекти од централнотибетските и камско-тибетските јазици се тонски јазик|тонски. Амдотибетскиот и ладакискиот не се тонални. Тибетската морфологија, општо гледано, може да се смета за аглутинативна, иако класичниот тибетски бил аналитички јазик.
Јазици
Николас Турнадре ја дал следната класификација на тибетските јазици:[1]
Beyer, Stephan V. (1992). The Classical Tibetan Language. SUNY Press. ISBN0-7914-1099-4.
Denwood, Philip (1999). Tibetan. John Benjamins Publishing. ISBN90-272-3803-0.
Denwood, Philip (2007). Roland Bielmeie; Felix Haller (уред.). „Linguistics of the Himalayas and beyond“. Walter de Gruyter: 47–70. ISBN3-11-019828-2. Наводот journal бара |journal= (help)
van Driem, George (2001). Languages of the Himalayas: An Ethnolinguistic Handbook of the Greater Himalayan Region containing an Introduction to the Symbiotic Theory of Language. Brill. ISBN9004103902.