Тестамент

Тестаментот на Алфред Нобел од 27 ноември 1895
Тестамент пишуван на македонски јазик, од 1884 година.

Тестамент или завештание[1] е еднострана изјава на последната волја на оставителот во однос на неговиот имот дадена во форма пропишана со законот, со којшто се уредуваат наследно-правните односи (во РМ – Законот за наследување) со која оставителот одредува кое лице или кои лица ќе му бидат наследници и кој дел од оставнината ќе му припадне на наследникот, односно на наследниците по неговата смрт. Тестаментот претставува еден од основите за повикување на наследство.

Наследување и правна природа на тестаментот

Под поимот наследување врз основа на тестамент (тестаментално наследување) се подразбира наследување врз основа на еднострана изјава на волја (тестамент) на оставителот дадена за време на неговиот живот во форма пропишана со закон со која се одредува на кој од наследниците ќе му припадне оставината или дел од неа по неговата смрт. Давателот на тестаментот се вика завештател или тестатор. Лицата коишто наследуваат врз основа на тестамнет се викаат тестамнтални наследници. Кај ова наследување, за разлика од законското наследување, примарно значење има волјата на тестаторот како сопственик на имотот да располага со имотот согласно со неговите интереси на кои, се разбира, се заснова неговата волја да го состави тестаментот.

Основна правна одлика на тестаментот е тоа што тој претставуа еднострана изјава на волја на завештателот. При неговото составување не може да стене збор за согласност на волјите на две или повеќе лица, нити пак важноста на тестаментот може да зависи од тоа. Токму поради тоа, составувањето и постоењето на тестамент може да остане непознаница за секое друго лице сè до смртта не завештателот. Тестаментот е строго личен акт на завештателот. Тој е непосреден производ на неговата волја. Поради тоа, секој којшто сака да направи тестамент, мора тоа да го стори лично. Застапувањето при составувањето на тестаментот е исклучено. Едноставно него не може да го направи застапник, односно полномошник на завештателот. Потоа тестаментот е отповиклива изјава на волја. Отповикливоста на тестаментот произлегива од неговата природа како еднострана и слободна изјава на волја на завештателот. Завештателот секогаш може да го отповика тестаментот сè до својата смрт.

Видови на тестамент

Значењето на тестаментот како од аспект на правната сигурност, така и од аспект на интересите на граѓаните кога е во прашање расправање на оставината, ја наметнува потребата тој да биде направен во посебна форма. Формата на тестаментот треба да обезбеди, пред сè, да се спречат случаите на пренагленост во донесувањето на одлуката на последната волја во поглед на имотот, да ја загарантира сериозноста на таа одлука, да ја зголеми јасноста во толкувањето на волјата на тестаторот, да ја намали можноста од настапување на случаи на недостатоци на волјата на тестаторот, да обезбеди доказ за последната волја во поглед на имотот на тестаторот, да го зголеми степенот на извеснот при наследувањето, и да ја намали можноста од евентуално фалсификување на тестаментот. Македонското наследно право познава повеќе видови на тестамент според формата. Сите тие се пропишани со одредбите на Законот за наследување.

Законот за наследување ги пропишува следните видови на тестамнет според формата:

  • своерачен тестамент,
  • судски тестамент,
  • тестамент составен пред дипломатски или конзуларен претставник во странство (дипломатско-конзуларен тестамент),
  • тестамент составен за време на воена состојба (војнички тестамент),
  • меѓународен тестамент и
  • устен тестамент

Своерачен тестамент

Пример за тестамент од 1918 година, од град Куманово.

Под поимот своерачен тестамент се подразбира тестамент којшто завештателот (тестаторот) сам со своја рака го напишал и го потпишал. Без значење е тоа на кој јазик е напишан тестаментот. Исто така, без значење е кое писмо е употребено при пишувањето на тестаментот. За своерачно пишување на тестаментот може да се употреби било кое средство погодно за пишување. Потоа, тестаментот може да бида напишан на каков било материјал како подлога за пишување (хартија, парче картон, дрво, стакло, лимена фолија, итн. На пример, ако еден планинар доживее несреќен случај и користејќи ги последните животни сили непосредно пред смртта со врвот на џепното ноже напише тестамент на алуминиумско шише за вода, тоа нема да биде пречка за полноважност на тестаментот. Во врска со ова треба да се истакне дека од суштествено значење е тоа да во конкретниот случај нема никакво сомневање во поглед на сериозноста на изјавата на последната волја на завештателот.

Што се однесува до потпишувањето, завештателот може да се потпише со цело име и презиме, или пак со почетната буква на името и целото презиме или само со името, односно со презимето ако се знае дека тој така се потпишувал и тоа не предизвикува сомневање во поглед на фактот кој е тестаторот - завештателот. Завештателот може да се потпише и со неговиот прекар ако по него бил познат во средината во која живеел и работел. Најпосле потписот може да биде даден со примена на израз кој јасно го означува завештателот како на пример „вашиот татко“, „тато“, „вашата мајка“ или само „мама“, „вашиот брат“ „бато“ и сл. Според Законот за наследување, своерачниот тестамент ќе биде полноважен ако завештателот го напишал со своја рака. За полноважност на тестаментот не е нужно, но е корисно, во него да е означен датумот кога е составен.

Судски тестамент

Судскиот тестамент претставува писмен тестамент составен со учество на надлежниот основен суд како јавен орган. Овој тестамент, според Законот на завештателот му го составува судија на основен суд. Судијата, пред почетокот на составувањето на тестементот, е должен претходно да го утврди идентитетот на завештателот. По составувањето на тестаментот судијата е должен да му го прочита на завештателот, и потоа да му го даде да го потпише. Откога завештателот ќе го прочита и потпише ваквиот тестамент, судијата на самиот тестамент ќе потврди дека завештателот во негово присуство го прочитал и го потпишал.

Во случај завештателот да не е во состојба да го прочита тестаментот што му го составил судијата, овој ќе му го прочита на завештателот во присуство на двајца сведоци. Потоа, завештателот во присуство на истите сведоци ќе го потпише тестаментот или ќе стави на него свој ракознак, откога ќе изјави дека тоа е негов тестамент. По завештателот, тестементот го потпишуваат сведоците. Кога тие ќе го потпишат судијата со свој потпис ќе потврди на тестаментот дека се извршени сите горенаведени дејствија.

Сведоци при составувањето на судски тестамент можат да бидат полнолетни лица на кои не им е одземена деловната способности кои знаат да читаат и пишуваат, а го разбираат јазикот на кој е составен тестаментот. Не можат да бидат сведоци при составувањето на судски тестамент, ниту тестаментот да го состават по кажување на завештателот во својство на судија: потомците на завештателот, неговите посвоеници и нивните потомци, неговите предци и посвоители, неговите роднини во странична линија до четвртиот степен заклучно со брачните другари на сите овие лица и брачниот другар на завештателот. Доколку судскиот тестамент содржи одредби со кои му се остава нешто на судијата којшто го составил тестаментот, на записничарот и на сведоците при неговото составување, како и на нивните предци, потомци, браќа, сестри и на брачните другари на овие лица, таквите одредби се ништовни. По составувањето завештателот може судскиот тестамент, како и своерачниот тестемент да му го довери на чување на основниот суд во отворена или затворена обвивка. За тоа судот ќе состави записник, а тестаментот ќе го стави во одделна обвивка, што ќе ја запечати и ќе ја чува во судот на за тоа посебно определено место.

Дипломатско-конзуларен тестамент

Секој граѓанин на Република Македонија кој се наоѓа приврремено или стално во некоја странска држава во која постои македонско дипломатско-конзуларно претставништво може да направи тестамент пред тоа претставништво. Тестаментот се прави на ист начин, односни со иста постапка како и судскиот тестамент. Од ова можеме да заклучиме дека дипломатско-конзуларниот тестамент всушност претставува писмен тестамнет составен пред дипломатско-конзуларен претставник на Република Македонија во странство.

Тестамент составен за време на воена состојба

Војничкиот тестамент (testamentum militare) според Законот за наследување се составува за време на воена состојба. Него можат да го користат сите лица кои се наоѓаат на воена должност во воена состојба. Се составува во иста постапка како и судскиот тестамнет. Од ова можеме да заклучиме дека војничкиот тестамент е писмен тестамент составен со присуство на овластени воени лица во воена состојба. На составувањето на тестаментот како овластени воени лица можат да присуствуваат и него да го состават командирот на четата или некој друг старешина од неговиот или од повисок ранг. Во присуство на овие лица тестаментот може да го состави неко друго лице по кажување на завештателот. Ако завештателот во моментот кога одлучил да состави тестаменмт се наоѓал во состав на привремен воен организациски состав (формиран за извршување на одредена борбена задача) – одред, тестаментот може да го состави старешианта кој командува со тој одред или пак друго лице во негово присуство.

Војничкиот тестамент има важност со ограничено траење. Тој престанува да важи по истекот на 60 дена по завршувањето на воената состојба. Ако завештателот е демобилизиран пред завршувањето на воената состојба или по нејзиното завршување, тогаш војничкиот тестамент престанува да важи по истекот на 30 дена од демобилизирањето.

Меѓународен тестамент

Законот за наследување не дава дефиниција на меѓународниот тестамент, ниту пак содржи доволно прецизни одредби врз онова на кои би можела да се даде таква дефиниција. Првата од одредбите за овој тестамемт е одредбата на членот 74 која гласи: „Тестаментот составен во форма на меѓународен тестамент е полноважен во поглед на формата, без оглед на местото каде што е направен, каде што се наоѓа имотот, државјанството и живеалиштето, односно престојувалиштето на завештателот“. Според одредбите на членот 76 од Законот за составување на меѓународен тестамент надлежен е судија на основниот суд кој е надлежен и за составување на судски тестамент. Меѓународен тестамент за државјанин на Република Македонија во странство можат да состават и дипломатските или конзуларните претставници на Републиката кои ќе ги определи шефот на дипломатското или конзуларното претставништво. Од ова можеме да заклучиме дека меѓународниот тестамент всушност претставува судски, односно дипломатско конзуларен тестамент од меѓународно значење и за меѓународна употреба. На ваков заклучок посебно упатува одредбата на член 74 која пропишува дека за полноважноста на ваков тестамент без значење се фактите каде тој е напревен, потоа каде се наоѓа имотот на завештателот, каде е неговото живеалиште односо престојвуалиште и чие државјаснтво тој има. Нема сомнение даке овој тестамент се соствува во писмена форма, дека го составува судија на основен суд, односно дипломатско-конзуалрен претставнеик на Република Македонија во странство. Исто така, нема соменение дека мора во насловот на тестаментот да се нагласи дека се работи за меѓународен ттестамент, со цел тој да се разликува од обичнот судски, односно дипломатско-конзуларен тестамент, кои без соменение се однесуваат на тестаментално располагање со имоти на граѓани кои се државјани на Република Македонија, кои имаат живеалиште, односно престојувалиште во Републиката и чии имоти се наоѓаат на територијата на Републиката.

Устен тестамент

Усниот тестамент претставува изјава на последната волја на завештателот во однос на неговиот имот која тој ја дал усно пред двајца сведоци, затоа што постоеле вонредни околности поради кои не можел да состави писмен тестамнет. Според Законот за наследување, завештателот може да ја изјави својата последна воља усно пред двајца сведоци само ако поради исклучителни околности не е во можност да состави писмен тестамент.

Вонредните односно исклучителните околности можат да бидат различни. На пример: задобиена тешка телесна повреда, поплава, затрпување со снежна лавина, пожар, тешка болест, одрон во рудник поради кој дошло до негово затрупување, борба во вооружен судир, давење во вода, земање на медикаменти во количина опасна по живот, загубеност во пустина или на планински масив, тешко породување без асистенција на медицински персонал, хаварија на пловен објект поради бура, судар на возила во патниот и железничкиот сообраќај доколку постои опасност по животот на оставителот и сл. За полноважност на тестаментот основен услов е сведоците да го знаат јазикот на кој завештателот ја изјавил својата последна волја.

Законот пропшува ограничена важност на усниот тестамент. Така тој престанува да важи кога ќе поминат 30 дена од престанокот на исклучителните околности во кои е составен. Сведоци при составувањето на устен тестамент можат да бидат само лицата кои можат да бидат сведоци при составувањето на судски тестамент, но не мораат да знаат да читаат и да пишуваат. Сведоците се должни без одлагање да ја стават написмено изјавата на завештателот и што побрзо да му ја предадат на судот, или усно да ја повторат пред судот, изнесувајќи кога, каде и во кои прилики завештателот ја изјавил својата последна волја.

Според Законот ништовни се одредбите од усниот тестамент со кои им се остава нешто на сведоците при неговото составување, на нивните брачни другари, на нивните предци, на нивните потомци, на нивните роднини во странична линија до четвртиот степен на роднинство заклучно и на брачните другари на сите овие лица.

Содржина на тестаментот

Содржината на тестаментот опфаќа сè што завештателот во него наредил односно изјавил како последна изјава на волја во однос на неговиот имот. Таа може да биде сложена и разновидна. Тоа се огледа од фактот што со тестамент се одредуваат наследниците и наследните делови од имотот, со него се конституираат оптоварувања и легати, се поставуваат услови, се простува недостојност за наследување, се исклучуваат нужни наследници од наследството, се одредува извршител на тестаментот, се признава вонбрачно татковство и сл.

Определувањето на наследниците редовно е еден од елементите на содржината на тестаментот. Завештателот може да определи за наследник било кое физичко лице, без оглед на тоа дали тоа лице е негов роднина или пак не е. Тој може да определи за наследник на наговиот имот и правно лице. Дали наследник на имотот ќе биде физичко или правно лице едно или повеќе или пак физичко и правно лице односно лица, зависи исклучиво од вољата на завештателот. Се смета дека наследниците, легатарите и другите лица на кои со тестаментот им се оставени некои користи, се доволно определени ако тестаментот содржи податоци врз основа на кои може да се утврди кои се тие. Во врска со ова одредени физички лица можат да бидат означени како тестаментални наследници не само по име, туку и на друг начин, во зависност од општествената однсно роднинската врска меѓу нив и завештателот. На пример „мојот внук од сестра“, „мојата тетка“, „мојот брат“ итн.

Според Законот, наследник врз основа на тестаментот е лице кое го определил завештателот да го наследи целиот негов имот или дел од имотот. Понатаму како наследник се смета и лице на кое со тестаментот му се оставени еден или повеќе определени предмети или права, ако се утврди дека вољата на завештателот била тоа лице да му биде наследник.

Определувањето на наследството може да се изврши така што едноставно ќе се каже целиот мој имот, или пак ќе се наведат деловите од инмотот - куќа, ниви, дуќани и сл. Тоа може да се определи по количин односно квота во како на пример: четвртина од имотот, третина од имотот, половина од имотот, целиот имот и сл. Во случај кога завештателот определува повеќе наследници, на некои може точно да им определи што или колкав дел од имотт ќе наследат а на некои не и со тоа да остави нивните делови да се одредат во оставинската расправа. Завештателот може со тестаментот да определи лице на кое ќе му припадне наследството ако определениот наследник умре пред него, или ако се откаже од наследството, или ако биде недостоен да наследи. Ваквото определување на лица на кои ќе им порипадне наследството се вика супституција.

Завештателот може со тестаментот да остави еден или повеќе легати на кои посебно ќе се задржиме во понатамошното излагање. Завештателот може со тестаментот да нареди некој предмет или право или дел од оставината или целата оставина да се употреби за постигање на некоја дозволена цел. Во врска со ова завештателот може да нареди имотот или дел од имотот да се искористи за основање на добротворна установа со добротворна намена за постигање на одредени добротворни цели (задужбина). Ако завештателот наредил основање на задужбина и ги определил средствата за постигање на некоја цел, задужбината може да се основа откако ќе се добие одобрение од надлежниот орган. Понатаму, според Законот завештателот може да го оптовари со некоја должност лицето на кое му остава некоја корист од оставината. Најпосле, завештателот може во одделни одредби на тестаментот да постави услови или рокови. Во врска со ова невозможните, недозволените и неморалните услови и оптоварувања, како и оние што се неразбирливи или противречни, според Законот се сметаат како да не постојат.

Легат

Легатот претставува завештание направено од страна на завештателот со тестамент којшто тој го составил со кое се оставааат еден или повеќе определени предмети или некое право на определено лице, или му се наложува на наследникот или на некое друго лице на кое нешто му остава, да му даде, од она што му е оставено, некој предмет на определено лице, или да му исплати сума пари, или да го ослободи од некој долг или да го издржува или воопшто во негова корист да направи нешто или да се воздржи од нешто или да трпи нешто.

Лицето на кое завештателот со тестамент му оставил легат се вика легатар. Легатарот мора да биде точно одреден со име и презиме. За до може даз го прими легатот легатарот мора да ја дочека смртта на завештателот и да биде достоен за наследување.

Легатарот врз основа на тестаментот има право да бара да му се изврши легатот од лицето на кое со тестаментот му е наложено да го изврши легатот. Ако извршувањето на легатот им е наложено на неколкумина, секој одговара сразмерно со делот од оставината што го добива, освен ако од тестаментот може да се заклучи дека завештателот сакал тие да одговараат на друг начин. Ако пак завештателот пропуштил да одреди кој е должен да го изврши легатот, обврската за извршување лежи на сите законски и тестаментални наследници, сразмерно со вредноста на имотот што секој од нив го наследил.

Наследникот не е должен да ги изврши во целост легатите, доколку со тоа се повредува неговиот нужен дел. Истото важи за легатарот, ако вредноста на легатите или оптоварувањата што треба да ги изврши ја надминува вредноста на неговиот легат. Легатарот има право да бара да се изврши легатот и кога лицето, кое според тестаментот било должно да го изврши легатот, умрело пред завештателот, или се откажало од наследство, или е недостојно да наследи. Правото на легатарот да бара извршување на легатот застарува за една година од денот кога легатарот разбрал за своето право и бил овластен да бара да се изврши легатот, но најдоцна во рок од десет години по правосилноста на решението за наследување, односно во рок од 20 години од смртта на оставителот.

Легатот отпаѓа (се гаси) ако легатарот умре пред завештателот, или се откаже од легатот, или е недостоен. Во вакви случаи предметот на легатот му останува на лицето кое било должно да го изврши, ако од самиот тестамент не произлегува некаква друга намера на завештателот. Легатот отпаѓа и кога завештателот го отуѓил или потрошил предметот на легатот или тој предмет инаку престанал да постои за време на животот на завештателот, или случајно пропаднал по неговата смрт. Легатарот не одговара за долговите на завештателот. Но, завештателот може да нареди легатарот да одговара за сите или за одделни негови долгови, или за дел на некој долг во границите на вредноста на легатот. Кога завештателот му оставил легат на својот доверител, овој има право, покрај извршувањето на легатот, да бара и извршување на своето побарување, ако од тестаментот не произлегува дека намерата на завештателот била поинаква.

Составување на тестаментот

Составувањето на тестаментот претставува писмено или усмено изразување на последанта волја на завештателот во однос на неговиот имот. Составувањето на тестаментот претставуа мисловно-логички и вербално комуникациски процес на завештателот низ кој тој ја формулира својата последна волја и ја ја изразува во со закона пропишана форма.

Тестаментот не е полноважен ако при неговото составување не биле исполнети условите коишто Закнот ги пропишал за негова полноважност. Меѓу нив најважни се три услови. Тие се: поседување на споособност за составување на тестамент, поседување на слободно изразена воља на завештателот во моментот на составувањето на тестементот, и составување на тестаментот во една од со закон пропишаните форми. Способноста за составување на тестамент претпоставува постоење на два факти во моментот на составувањето. Првиот е наполнета возраст од 15 години, а вториот е поседување на способноста за расудување. Се смета дека лице кое наполнилао 15 години има доволно способност за расудување за да го сфати значењето на своето постапување и за да управувза со своите постапки под услов да е душевно доволно развиено за својата возраст и да е душевно здраво.

Според Законот тестаментот е ништовен ако во времето на неговото составување завештателот немал 15 години или не бил способен за расудување. Губењето на способноста за расудување што би настапило откога е направен тестаментот не влијае врз неговата полноважност. Поседување на слободно изразена волја при составувањето на тестементот претпоставува отсуство на закана или присилба од страна на друго лице во тој момент. Ако завештателот бил натеран со закана или присилба да состави тестамент или одлучил да го состави поради тоа што бил измамен или поради тоа што се наоѓал во заблуда, неговиот тестамент е ништовен. Ако само некои одредби од тестаментот се направени под закана или присилба, поради измама или во заблуда, тогаш само тие се ништовни. Ништовниот тестамент се поништува во парнична постапка Поништување на тестамент поради завештателовата неспособност за расудување или поради тоа што завештателот немал 15 години, како и поништување на тестамент или на одделни негови одредби поради закана или присилба, измама или заблуда, може да бара само лице кое има правен интерес, и тоа во рок од една година откога разбрало за постоењето на причината за ништовност, а најдоцна за десет години од прогласувањето на тестаментот. Рокот од една година не може да започне да тече пред прогласувањето на тестаментот. Поништување на тестамент спрема несовесно лице може да се бара во рок од 20 години од прогласувањето на тестаментот.

Приговор за ништовност на тестаментот во процесот кој го повело лице кое бара право од оставината врз основа на тестаментот, може да се поднесе без оглед на истекот на наведените рокови. Отсуството на со закон пропишаната форма исто така претставува причина за ништовност на тестементот. Таквиот тестамент се поништува по судски пат во парничан постапка. Поништување на тестамент поради недостиг на форма може да бара, по отворањето на наследството, само лице кое има правен интерес и тоа во рок од една година откога разбрало за тестаментот, а најдоцна десет години од прогласувањето на тестаментот. Рокот од една година не може да започне да тече пред прогласувањето на тестаментот.

Толкување на тестaментот

Толкувањето на тестементот претставува утврдување на вистинската волја на завештателот, на она што тој навистина сакал да постигне со неговото составување односно утврдување на неговата вистинаска намера. Кај јасно, и ппрезцизно составен тестамнет, во кој јасно се наведени потребните податоци за оставителот, за наследниците и за имотот кој им се остава во наследство не се јавува потребата од негово толкување. Таа потреба се јавува кај граматички и мисловно-логички лошо компонираните, кратките и набрзнина составени тестаменти. Поради непоседувањето на доволна јазична култура, поради, краткоста во изразувањето и брзина во составувањето често се случува формулациите во тестаментот да бидат конфузни, непрецизни и со самото тоа нејасни во поглед вистинската намера на завештателот. Тоа ја нематнува потребата од толкување на ваков тестамнет. Законот за наследување не навлагува подлабоко во регулирањето на прашањата околу толкувањето на тестаментот. Тој се задоволува со две одредби во однос на тоа. Според Законот одредбите од тестаментот треба да се толкуваат според вистинската намера на завештателот, што впрочем теориски е неспорно. Понатаму Законот пропишува дека во случај на сомневање треба да се прифати она што е поповолно за законскиот наследник или за лицето на кое со тестаментот му е наложена некоја обврска (in dubio pro reo).

Тестаментот како тема во уметноста и во популарната култура

Наводи

  1. „завештание“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. * Fein, David (1997), „6 The Testament: The Ballades“, François Villon Revisited, New York: Twayne, ISBN 0805745645
  3. Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 274-282.
  4. Францускиот тестамент на семрежното место на Три
  5. Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016.
  6. IDMs, Testament of Orpheus (1960) (пристапено на 20.2.2018)

Надворешни врски

Read other articles:

Nippon Cargo Airlines日本貨物航空 IATA ICAO Kode panggil KZ NCA NIPPON CARGO Didirikan21 September 1978; 45 tahun lalu (1978-09-21)Penghubung Naha[1] Osaka–Kansai Tokyo–Narita Kota fokus Anchorage Hong Kong Armada8Tujuan20Perusahaan indukNippon YusenKantor pusatBandar Udara Internasional NaritaNarita, Chiba, JepangTokoh utamaTetsufumi Otsuki (Presiden & CEO)Situs webwww.nca.aero Nippon Cargo Airlines Company, Limited (日本貨物航空株式会社code: ja is deprec...

 

Fontenay Entidad subnacional FontenayLocalización de Fontenay en Francia Coordenadas 46°28′31″N 4°17′53″E / 46.475277777778, 4.2980555555556Entidad Comuna de Francia • País  Francia • Región Borgoña • Departamento Saona y Loira • Distrito distrito de Charolles • Cantón cantón de Charolles • Mancomunidad Communauté de communes du Canton de CharollesSuperficie   • Total 2.46 km²Altitud   • M...

 

2004 studio album of re-recorded songs by Twisted SisterStill HungryStudio album of re-recorded songs by Twisted SisterReleasedOctober 19, 2004RecordedJanuary–July 2004StudioPie Studios, Glen Cove, New YorkGenreHeavy metal, hard rockLength71:26LabelSpitfire (US)Drakkar (Europe)Armoury (Japan)ProducerMark Mendoza, Jay Jay French, Phil CarsonTwisted Sister chronology The Essentials(2002) Still Hungry(2004) Live at Wacken: The Reunion(2005) Still Hungry is an album by the Ameri...

  لمعانٍ أخرى، طالع بي (توضيح). شركة بيبي انكورباريتد Be Incorporatedالشعارمعلومات عامةالجنسية الولايات المتحدة التأسيس 1990الاختفاء 2001 النوع عمل تجاري المقر الرئيسي مينلو بارك، كاليفورنيا، الولايات المتحدة.موقع الويب beincorporated.com (الإنجليزية) المنظومة الاقتصاديةالمنتجات بي ...

 

1877 ballet by Pyotr Ilyich Tchaikovsky This article is about the ballet. For other uses, see Swan Lake (disambiguation). Swan LakeChoreographerJulius ReisingerMusicPyotr Ilyich TchaikovskyPremiere4 March [O.S. 20 February] 1877MoscowOriginal ballet companyBolshoi BalletGenreClassical ballet Ballets by Pyotr Ilyich Tchaikovsky Swan Lake (1876) The Sleeping Beauty (1889) The Nutcracker (1892) List of all compositionsvte Swan Lake (Russian: Лебеди́ное о́зеро, tr. Lebedínoje...

 

اضغط هنا للاطلاع على كيفية قراءة التصنيف التَرَيسِيرَاتوپسالعصر: 68–66 مليون سنة قك ك أ س د ف بر ث ج ط ب ن ↓ (العصر الطباشيري المُتأخر) هيكلٌ عظميٌّ للتريسيراتوپس الكامل (Triceratops prorsus) مُركَّب في متحف التاريخ الطبيعي بِلوس أنجلوس المرتبة التصنيفية جنس  التصنيف العلمي النطا

Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada November 2022. Aygün KazımovaNama lainAygun KazimovaLahir26 Januari 1971 (umur 52)AsalBaku, RSS Azerbaijan, Uni SovietGenrePop, R&BPekerjaanPenyanyi, pemeran, penariTahun aktif1988–sekarang Aygun Kazimova, atau yang juga dikenal dengan Aygün Kazımova ...

 

Events in the U.S. state of Arizona during World War II Arizona during World War IIFirst Lady Eleanor Roosevelt and Dillon S. Myer visit the Gila River War Relocation Center (April 23, 1943)LocationArizona, United StatesDate1940–1945Casualties~2,349EventsMachita Incident– October 16, 1940Thanksgiving Day /Phoenix Massacre– November 27, 1942Great Papago Escape– December 23, 1944 The history of Arizona during World War II begins in 1940, when the United States government began construct...

 

Xylariales Xylaria longipes Klasifikasi ilmiah Domain: Eukaryota Kerajaan: Fungi Divisi: Ascomycota Subdivisi: Pezizomycotina Kelas: Sordariomycetes Subkelas: Xylariomycetidae Ordo: XylarialesNannf. (1932) Famili Lihat teks Xylariales adalah salah satu ordo fungi dalam kelas Sordariomycetes. Ini adalah ordo asli dari subkelas Xylariomycetidae. Xylariales dibatasi pada tahun 1932 oleh ahli mikologi Swedia yakni John Axel Nannfeldt,[1] dan Xylariomycetidae oleh Ove Erik Eriksson dan Kat...

Bahasa Korsika corsu WilayahKorsika, Prancis, ItaliaEtnisOrang KorsikaPenutur402,000 [1]Rumpun bahasaIndo-Eropa ItalikRomanKorsika Kode bahasaISO 639-1coISO 639-2cosISO 639-3cosLokasi penuturanPeta bahasa KorsikaPeta bahasa lain Portal BahasaSunting kotak info • L • B • PWBantuan penggunaan templat ini PemberitahuanTemplat ini mendeteksi bahwa artikel bahasa ini masih belum dinilai kualitasnya oleh ProyekWiki Bahasa dan ProyekWiki terkait dengan subjek. Apa tujuan pe...

 

Upazila in Rajshahi Division, BangladeshPorsha পোরশাUpazilaPorshaLocation in BangladeshCoordinates: 25°1.5′N 88°29′E / 25.0250°N 88.483°E / 25.0250; 88.483Country BangladeshDivisionRajshahi DivisionDistrictNaogaon DistrictArea • Total252.83 km2 (97.62 sq mi)Population (2011) • Total132,095 • Density520/km2 (1,400/sq mi)Time zoneUTC+6 (BST)WebsiteMap of Porsha Porsha (Bengali: পোর...

 

American artist (1939–2020) Bonnie MacLeanBonnie MacLean in 2015Born(1939-12-28)December 28, 1939Philadelphia, Pennsylvania, U.S.DiedFebruary 4, 2020(2020-02-04) (aged 80)Newtown, Pennsylvania, U.S.Known forArtistSpouseBill Graham (divorced) Bonnie MacLean (December 28, 1939  – February 4, 2020), also known as Bonnie MacLean Graham,[1] was an American artist known for her classic rock posters. In the 1960s and 1970s she created posters and other art for the promotio...

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (يوليو 2020) زهير سوكاح معلومات شخصية الميلاد 1980الدار البيضاء الجنسية  المغرب الحياة العملية المدرسة الأم جامعة دوسلدورف المهنة كاتب اللغات اللغة الألمانية - [اللغة ا...

 

1980 memoir by Andy Warhol Popism: The Warhol Sixties Cover of the first editionAuthorAndy WarholCountryUnited StatesLanguageEnglishPublisherHarcourt Brace JovanovichPublication date1980Media typePrint Popism: The Warhol Sixties is a 1980 memoir by the American artist Andy Warhol. It was first published by Harcourt Brace Jovanovich. The book was co-authored by Warhol's frequent collaborator and long-time friend, Pat Hackett, and covers the years 1960–1969, focusing primarily on Warhol'...

 

1999 compilation album by Various artistsNod's Tacklebox o' FunCompilation album by Various artistsReleased1999 (1999)GenreIndustrial rock, electro-industrialLength70:32LabelRe-ConstrictionRe-Constriction Records V/A chronology Songs From the Wasteland(1998) Nod's Tacklebox o' Fun(1999) Nod's Tacklebox o' Fun is a various artists compilation album released in 1999 by Re-Constriction Records.[1][2][3] Reception Aiding & Abetting gave it a mixed review, ...

Muslim descendants of Rajputs This article may require copy editing for grammar, style, cohesion, tone, or spelling. You can assist by editing it. (April 2023) (Learn how and when to remove this template message) Muslim RajputsRegions with significant populations India and  PakistanLanguagesPunjabiSindhiUrduMewatiPahari-PothwariReligion IslamRelated ethnic groupsRajputs and other Indo-Aryan peoples Muslim Rajputs or Musalman Rajpoots are the descendants of Rajputs in the northern re...

 

This article has multiple issues. Please help improve it or discuss these issues on the talk page. (Learn how and when to remove these template messages) This article is an orphan, as no other articles link to it. Please introduce links to this page from related articles; try the Find link tool for suggestions. (April 2022) This article's lead section may be too short to adequately summarize the key points. Please consider expanding the lead to provide an accessible overview of all important ...

 

Decorative hangings A wall hanging craft is a decoration, an amulet, a religious or a symbolic object that is hung from the ceiling or another structure. The sculptor Alexander Calder invented the mobiles, popular in the nursery, to give infants something to entertain them and give them external visual stimulation.[1] Kakemono, a Japanese hanging, is intended to be hung against a wall as part of the interior decoration of a room.[2] Hanging crafts are also called by the names ...

Branch of dynamics concerned with studying the motion of air Aerodynamic redirects here. For other uses, see Aerodynamic (disambiguation). A NASA wake turbulence study at Wallops Island in 1990. A vortex is created by passage of an aircraft wing, revealed by smoke. Vortices are one of the many phenomena associated with the study of aerodynamics. Aerodynamics (Ancient Greek: ἀήρ aero (air) + Ancient Greek: δυναμική (dynamics)) is the study of the motion of air, particularly when af...

 

Ice hockey team in London, EnglandRichmond FlyersCityLondon, United KingdomLeagueBritish Hockey LeagueFounded1977Operated1977-1992Home arenaRichmond Ice RinkCapacity: 1250Ice size: 200ft x 81ftColoursBlue and goldHead coachDennis Horne / Alec GoldstoneFranchise history1977–1980London Phoenix Flyers1980–1992Richmond Flyers The Richmond Flyers were an ice hockey team who were founded in 1977 as the London Phoenix Flyers, changing their name to Richmond Flyers in 1980. They competed in the I...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!