Твин Пикс е американска серија создадена од Дејвид Линч и Марк Фрос. Првпат е емитувана во Америка на 8 април 1990 година, а последната епизода е прикажана на 10 јуни 1991 година. Серијата е добитник на Златен Глобус, а има и номинација за Еми. Дејството е сместено во измислениот град Твин Пикс во североисточниот дел на американската држава Вашингтон. Серијата го следи ФБИ агентот Дејл Купер (Кајл Меклаклан) во истрагата на смртта на популарната средношколка Лора Палмер (Шерил Ли), чие тело е пронајдено на брегот завиткано во пластична ќеса. Продуцентската куќа на Арон Спелинг ги продуцираше сите 30 епизоди на серијата.
Во Македонија, серијата почнува да се емитува од 21 јули 2008 на Сител телевизија, секој работен ден во 23:30.