Таунус (германски: Taunus) — низок планински венец во покраината Хесен, Германија што претставува дел од Рајнските Шкрилни Планини. Опкружен е со речните долини на Рајна, Мајна и Лана. Од другата страна на Рајна, планините продолжуваат во ниската верига Хунсрик. Самите планини се протегаат во окрузите Горен Таунус, Мајна-Таунус, Рајнгау-Таунус, Лимбург-Вајлбург, и Рајна-Лана.
Највисок врв е Голем Фелдберг (Großer Feldberg) со 878 м. По него следи Мал Фелдберг (Kleiner Feldberg) и Алткениг, каде има остатоци од ридско утврдување (градиште) од доцното железно време (~ 400 п.н.е.) близу врвот.
Во римско време, преку планината се протегала границата на царството. Денес во Залбург има обновена римска тврдина со музеј. Со падот на римскиот лимес во 259/260 г., местото го населиле Алеманите, за што сведочат алеманските гробишта на јужните падини. Со Битката кај Толбијак (496), подрачјето потпаднало под власта на Франките.
50°13′55″N 8°27′26″E / 50.23194°N 8.45722°E / 50.23194; 8.45722