Сувлаки

Скара
Сувлаки во Атина, Грција
Температура на послужувањетопло
Главни состојкимесо, маслиновo масло, лимон, сол, зачини
Варијантисвинско месо, јагнешко, пилешко месо, риба, месо комбинирано со зеленчук

Сувлаки (грчки: σουβλάκι) — традиционално грчко јадење.

Тоа се делчиња на свинско, јагнешко или пилешко месо, кои се нанижани на тенки дрвени стапчиња и испечени на скара. Делчињата на месо можат да бидат комбинирани со зеленчук кое се нанижува помеѓу месото. Јадењето, спремено на овој начин, карактеристично е за многу земји на Балканот, како и на Кавказот, само се користат различни имиња. На српски јазик оваа врста на јадење се вика ражњиќи, на турскиот тоа е шиш-кебаб, на рускиот шашљики.[1] На грчки јазик, називот на овој вид хране потекнува од латинскиот збор „subula“, што значи скара на жар.[2]

При прилика на археолошки ископувања на вулканот Санторини, во Грција, пронајдени се камени кујнски носачи кои се користени во 17. век пред новата ера. Се претпоставува дека ги користиле Грците од Микена при прилика на спремање на храната, додека засечените делови на носачите служиле за држење на стапчињата со кои били прикажани делчиња од месото. Дупчињата кои се наоѓале на дното на носачите, послужувале за циркулација на воздухот, за да јагленот полесно горел.

Наводи

  1. „Шиш кебаб“. Посетено на 10 август 2018.
  2. „Порекло и етимологија речи Сувлаки“. Посетено на 10 август 2018.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!