Татковината на Струмјаните била Шлеска во денешна Полска. Во нивната прататковина сè уште постои областа Струмиен, каде што има град Strumień[1] и река Струмиен. Во полскиот јазик постои и зборот Струга, кој означува река. Во Полска и денеска постојат многу струмјански етнотопоними како Strumiany[2]. Името Strumiany[3] го носат многу села и мали градови во Полска. До 1945 година, Шлеска била дел од Германија, а претходно под австриската монархија на Хазбурговците, кои придонеле за германизација на словенските народи од Шлеска.