Старовремски спахии — расказ на рускиот писател Николај Гогољ од првиот дел на збирката „Миргород“ од 1835 година.
Содржина
Во расказот се зборува за мирниот, идиличен брачен живот на двајца стари луѓе - Афанасиј Иванович Товстогуб и неговата сопруга Пулхерија Ивановна, кои се сакаат и се грижат еден за друг. Тие се добри луѓе кои, не само што никому не му мислат лошо, туку кон секого се однесуваат срдечно. По смртта на сопругата, Афанасиј е потресен и од тој удар не може да заздрави. Но, оваа слика се менува на крајот од расказот, кога во текот на десетина години не се случува ништо, а ликовите во расказот не прават ништо освен што јадат, пијат и спијат, а нивниот интерес се сведува само на тоа што ќе биде подготвено за ручек или за вечера.[1]
Осврт кон делото
Во расказот не се случува речиси ништо, а Гогољ го опишува стариот брачен пар на идиличен начин. Меѓутоа, впечатокот што се стекнува на крајот од оваа идила е ужасен, зашто јасно се согледува бесцелноста на постоењето на спахиите и нивниот паразитизам.[2]
Наводи
- ↑ Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XXIV.
- ↑ Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XXIV.
Николај Гогољ |
---|
| | | Романи | | |
---|
| Драми | |
---|
| Збирки раскази | |
---|
| Раскази | |
---|
| Поезија | |
---|
| Есеи | |
---|
| |
|