Должина на стапката по земји, таблица 1848 годинаНеслужбен јавен империјален систем мерки кој бил обесен на ѕидот на опсерваторијата во Гринич (денес предградие на Лондон), во 19 век: 1 британски јард, 2 стапки, 1 стапка, 6 палци и 3 палца. Посетителот можел да ја провери својата мерка меѓу граничниците на температура на околината од 62 °F (16,7 °C).
Во 1958 во САД и земјите од Комонвелтот меѓународниот јард е дефиниран како 0,9144 метри. Така, меѓународната стапка се дефинира како еднаква на 0,3048 метри (еквивалент на 30,48 сантиметри).
Стандардниот меѓународен симбол за стапка е „ft“ (погл. ISO 31-1, Прилог A). Во некои случаи се користи прим, кој е многу сличен на апостроф, а инчот со прим. на пример, 6 стапки 2 инча се пишува како 6′2″. Ова е збунувачко затоа што примот и двојниот прим се исто така симболи за лачни минути и лачни секунди.
Американска геометарска стапка
Во САД геометарската стапка се дефинира како 1200/3937 метри. Се користи исклучиво за мерења на Американската крајбрежна и геодетска инспекција. Оваа стапка е поголема за 610 нанометри од меѓународната стапка. [1]
Историјат
Стапката како мерка се користела речиси во сите култури и се делела на 12 или понекогаш 10 инча/палца или на 16 прсти. Првата позната стандардна стапка постоела во Сумерија, каде е дефинирана на статуата на Гудеја од Лагаш околу 2575 п.н.е. Некои метролози сметаат дека стапката била прифатена и како египетска мерка во Стара Грција и дека токму од таму римјаните ја презеле својата стапка (која е поголема).