Срт

Планинско било во Јапонија.
Билото на Водно со Милениумскиот крст.

Срт (гребен или било)[1] — геолошки облик кој се состои од низа планини или ридови што образуваат издолжена непрекината грпка.

Видови сртови

Постојат неколку вида сртови:

  • разгранет срт — типичен за расцепкан висорамнински терен, одливните долини оставаат меѓупоставени сртови. Овие се во голема мера најзастапените сртови. Овие сртови обично претставуваат карпи малку поотпорни на ерозија, но не секогаш; овие често остануваат поради пукнатини каде се образувани долините или други произволни случувања. Овој вид срт е донекаде произволен во насоченост, честопати менувајќи го правецот.
  • стратиграфски срт — на места како во Гребенско-долински Апалачи long, се образуваа долги, па дури и прави сртови бидејќи се преостанати неразјадени рабови на поотпорни надолни слоеви кои се странично набрани. Слични сртови се образувани на места како Црните Ридови, каде сртовите образуваат концентрични кругови околу магматско јадро. Овие сртови понекогаш се нарекуваат „слојни ребра“.
  • океански ширечки гребен — кај подрачјата на тектонско ширење низ светот, како во Средноатлантскиот Гребен, вулканската активност од која настануваат новите граници меѓу плочите образува вулкански сртови во подрачјето на ширење. Изостатичното налегнување и ерозијата постепено ја намалува висината, оддалечувајќи се од подрачјето.
  • кратерски срт — ударите на крупни метеорити создаваат големи ударни кратери ограничени од округли сртови.
  • кратерски/калдерски срт — големите вулкани честопати зад себе оставаат средиштен кратер/калдера ограничен од округли сртови.
  • раседен срт — раседите често образуваат косини. Понекогаш горните делови на косините не создаваат висорамнини, туку се навалуваат наназад, така што рабовите на косините сочинуваат сртови.
  • дински срт — на подрачје со големоразмерни дини, извесни дини се претвораат во песочнио сртови.
  • морени и осари — ледничките дејства оставаат сртови во облик на морени и осари. Поимот „арета“ означува тенок карпест срт образуван со ледничко разјадување.
  • вулкански подледнички срт — многу подледнички вулкани предизвикуваат сртовидни образби кога лавата избива низ дебел ледник или ледена покривка.
  • попречен срт — срт кој се протегнал долж расед, попречувајќи или пренасочувајќи ги водотеците. Ваквиот срт образува долина складна со насоченоста на раседот што го создал.

Поврзано

Наводи

Литература

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!