Службата е основана во 1987 г. со донесувањето на Законот за заштита на природата (Conservation Act 1987)[4] спојувајќи се со дел од тогашата Служба за земјишта и катастар, со Службата за шумарство и Службата за див свет. Со овој закон се утврдени и највеќето должности и улоги на установата.
Во нејзина надлежност е речиси сето крунско земјиште во Нов Зеланд. Ова претставува една третина од површината на земјата, и тука спаѓаат национални, шумски и морски паркови, и речиси 4000 резервати, поречја, некои крајбрежни предели, неколку стротини мочуришта и многу острови. Речиси сите предели под надлежност на службата се заштитени поради нивната пејзажна, научна, историска или културна вредност, или пак се наменети за рекреативни активности.
Рекреативната цел е една од поглавните одговорности на службата. Тука спаѓа раководење и одржување на излетнички места, планинарски патеки и 1000 куќарки за планинари и ловџии. Под нејзина надлежност е и Фондот за природни богатства, како и пожарната безбедност во руралните подрачја.
Покрај раководењето со земјиштата и рекреативните активности, службата работи на зачувување на природните богатства. Тука може да се вброи запазувањето на историски места на јавно земјиште, грижа за опстанокот на загрозените домородни видови, справување со неповолни состојби како штетници и коров, обнова на природната околина, зачувување на морскиот свет, и пружање помош на земјопоседниците во зачувувањето на природното богатство.
Заштитени предели
Нов Зеланд има 14 национални паркови и поголем број на други заштитени области со различно ниво на заштитеност. На една третина од земјиштата постои забрана за рударски активности.
↑„FTE employees by department“. Workforce data. Public Service Commission. 30 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 20 January 2021. Посетено на 9 декември 2020.