Сион се наоѓа во јужниот дел на Швајцарија. Од најблискиот поголем град, Лозана, оддалечен е 100 км југоисточно, а од главног град, Берн оддалечен е 160 км јужно.
Клима: Климата во Сион е поостра варијанта на умереноконтинентална клима заради значителната надморска висина и алпското опкружување.
Води: Сион е сместен на реката Рона во горниот дел на нејзиниот тек. Градот е првото позначајно населено место на оваа позната европска река. Реката го дели градот на два дела.