Атлантска сива фока (Halichoerus grypus) е цицач од семејството Phocidae.
Атлантската сива фока има препознатлива издадена муцка, слична на „римски“ нос. Возрасните фоки според бојата: обчино мажјаците се сиви, со бледи шари на многу посветла подлога. Мажјаците се два или трипати потешки од женките - што е најголема разлика меѓу фоките. Кога не ловат риби, сивите фоки времето го поминуваат лежејќи на карпите или спијеќи во водата во исправена положба (како шишиња), при што само носниците им ѕиркаат од водата. Се спаруваат на брегот, односно на плажите,а и понекогаш и на тревни површини подалеку од брегот. Кога ќе се родат, младенчињата имаат бело крзно, а на брегот остануваат два-три месеци пред да се осмелат да влезат во водата.[2][3]