црква некропола
Св. Врачи — археолошко наоѓалиште во охридското село Рамне. Претставува средновековна црква и некропола. На југозападниот крај на селото, десно од патот за Студенчишта, во непосредната близина на селското училиште биле откриени повеќе гробови со насоченост запад-исток, градени од камени плочи, како и основа од темели на мала црква посветена на св. Врачи. Според кажувањата на учителот Стамен Шока од Охрид, во гробовите биле најдени накит и други предмети кои ги предал во Музејот на Македонија во Скопје.[1]