Сајпл (англиски: Mount Siple) — потенцијално активен штитест вулкан на Антарктикот. Се издига н ависина од 3.110 м и доминира во северозападниот дел на островот Сајпл, одвоен од Бакутисовиот Брег, Земја на Мери Берд, од Гецовата Ледена Плоча.[4] Бидејќи изгледа младо, се претпоставува дека последен пат избувнал за време на холоценот. На врвот има калдера со димензии 4 × 5 км, а на подолните бокови има туфникупи.[2] На североисточната падина на планината е карпестата стрмина Рисли, околу 7 морски милји (13 км) од врвот. Има зафатнина од 1.800 км2, споредлива со онаа на Еребус.
Планината е наречена по американскиот истражувач и географ Пол Сајпл (1908–68) кој зел учество на шест антарктички експедиции, меѓу кои двете експедиции на Ричард Берд од 1928-30 и 1933-35 г. (Сајплов Брег, остров Сајпл). Командувал со Западната база на Антарктичката служба на САД (1939–41). Бил навигатор на сите поважни истражувачки летови од базата, вклучувајќи го летот на кој е откриена планината Сајпл.[4]
Според peaklist.org, вулканот е веројатно освоен, но за ова нема докази, а на врвот може да слетал хеликоптер.
Вулканот е посетен во февруари 2017 г. како дел од експедицијата на Швајцарскиот поларен институт за обиколување на Антарктикот. Направена е репортажа за колонија на аделиски пингвини која отседнува таму во сезоната за парење.[5][6]
LeMasurier, W. E.; Thomson, J. W., уред. (1990). Volcanoes of the Antarctic Plate and Southern Oceans. Antarctic Research Series. 48. American Geophysical Union. стр. 512. ISBN0-87590-172-7.