Самурот (Martes zibellina) е претставник од семејството куни. Може да биде долг до 45 см и тежок до 2 кг. Крзното му е кафеаво-црно, а на грлото има светлокафеава дамка. На прстите има остри канџи кои може малку да ги вовлече. Живее во зимзелени шуми до горни текови на реки. Најчесто е ноќно животно, иако некои се движат исклучиво дење. Освен во периодот на парење, самурите живеат самостојно. Тоа се внимателни животни, кои добро се качуваат и скокаат. Се хранат со верверички, глувци, птици, риби, но и со плодови и шумски семки. За неповолни времиња собираат храна во брлозите создавајќи залихи. Се парат на пролет, а дури следната година во април женката ќе окоти две до пет млади во засолниште помеѓу корењата на стеблата или пукнатините меѓу камењата. Освен главниот брлог, имаат и бројни привремени брлози. Самурот бил интензивно ловен поради ценетото крзно, поради што е истребен во Европа.
Наводи