Рубе (француски: Roubaix; холандски: Robaais) — општина во департманот Север, во северна Франција. Се наоѓа помеѓу градовите Лил и Туркоан.
Железничката станица во Рубе нуди врски до Лил, Туркоан, Антверпен, Остенде и Париз.
Рубе претставува цел на велосипедскиот класик Париз-Рубе, еден од најпрестижните[1] настани во велосипедскот календар. Трката од 259,5 километри од Компјењ до Рубе вклучува скоро 50 километри на калдрма.
Една од најдолгите патеки за брзо одење во светот исто така се одржува секоја година во Рубе. Од 1953 „Рубе 28 часа“ се пренесува на телевизија, кога учествуваат спортисти од дузина земји со цел да постигнат најдолго можно растојание во поставената граница од 28 часа. Моменталниот рекорд е 255 километри, но секоја година победникот остварува повеќе од 200 километри.
Рубе е збратимен со следниве градови: