Розенгартен (германски : Rosengarten ; долногермански : Roosengoorn ) — општина во округот Харбург , во сојузната покраина Долна Саксонија , Германија .
Седиштето на општината се наоѓа во селото Нендорф. Нејзиното име доаѓа од блиската шума.
Географија
Местоположба
Општината Розенгартен, која се граничи на север со Хамбург , се наоѓа северно од Буххолц во Нордхајде и е во средиштето на ридскиот масив Харбургер.
Соседни општини
Розенгартен се граничи со општините (од север, надесно): Хамбург (посебна сојузна покраина), Зеветал , Хармсторф , Бендесторф , Јестебург , Буххолц во Нордхајде и Ној Вулмсторф (сите во округот Харбург).
Општински единици
Општината Розенгартен е составена од следниве места:
Тетензен со единицата Вестерхоф
Леферзен со единиците Ној-Леферзен и Зиферзен
Еесторф со Алвезен
Фарендорф
Зоторф
Екел со единиците Ној-Екел и Ајкстифе
Емзен со единицата Лангенрем
Идензен со единицата Хинтелн
Клекен со единиците Хајнбух и Ам Валде
Нендорф
Во селото Тетензен се наоѓа резиденцијата на Дитер Болен .
Историја
Зеветал била создадена на 1 јули 1972 година со спојување на поранешните општини.[ 2]
На 18 јули 1973 година името на општината Нендорф било службено променето во Розенгартен.
Во 1990 година, почесниот конзулат на Гвинеја во Хамбург бил сместен во Розенгартен.[ 3]
Наводи
Надворешни врски
Градови и општини во округот
Харбург Грб