Општината Јестебург се состои од местата Иценбител, Рајндорфер Остербер, Лилау и Виденхоф.
Историја
Првото официјално споменување на Јестебург е во 1202 година, во документ потпишан од Хартвиг II, надбискуп на Бремен.
Замокот од каде местото го добило името се верува дека го чувал преминот на Зеве до XIII век. Остатоци од овој замок денес не постојат.
Во 1872/73 година била изградена железничката линија помеѓу Буххолц во Нордхајде и Линебург низ самото место која работи и денес.
При сојузничките напади на големиот град Хамбург во јануари 1943 година, неколку бомби завршиле во Јестебург, при што неколку градби биле уништени. На 19 април 1945 година, железничкиот мост бил разнесен од Вермахтот за да го успорат напредувањето на британските трупи.
Помеѓу 1933 и 1945 година, населението на Јестебург скоро се удвоило, главно поради бегалците.