Роберт Трухиљо

Роберт Трухиљо
Трухиљо на концерт во 2008
Животописни податоци
Родено имеРоберт Агустин Трухиљо
Роден(а)23 октомври 1964(1964-10-23)(60 г.)
Санта Моника, Калифорнија, САД
Жанровихеви метал, треш метал, фанк метал, хардкор панк, хард рок
ЗанимањаМузичар, текстописец
ИнструментиБас, гитара, вокал
Период на активност1978–денес
ИздавачиВорнер Брос, Електра, Мегафорс
СоработнициМеталика, Suicidal Tendencies, Infectious Grooves, Mass Mental, Black Label Society, Ози Озборн, Medication, Џери Кантрел, Глен Типтон, Химата Кумарасихе, Трухиљо Трио
Мреж. местоwww.metallica.com
Значајни инструменти
Fernandes пет-жичена
Music Man Stingray 5-жичена
Warwick бас гитара
Fender Precision Bass
Rickenbacker 4001

Роберт Трухиљо (анг. Robert Trujillo) е американски бас гитарист кој во моментов е член на Металика. Освен за Металика, Трухиљо има настапувано и за бендовите Suicidal Tendencies, Infectious Grooves, Black Label Society, а има соработувано и со музичарите Ози Озборн, Џери Кантрел и Глен Типтон.[1] Трухиљо има мексиканско потекло, а роден е во Санта Моника, на 23 октомври 1964 г.

Музичка кариера

Првото искуство на музичката сцена го здобил како член на бендот на Ози Озборн, во доцните 90-ти.[2] Додека соработувал со Озборн, му се случила една непријатна афера. Имено, на ре-изданијата од албумите Blizzard of Ozz и Diary of a Madman, Трухиљо ги преснимил мелодиите на бас гитара, кои биле во авторство на неговиот претходник Боб Дејзли.[3] Дејзли бил многу незадоволен и својот револт од таквата постапка го искажал преку медиумите. Освен со Озборн, Роберт имал активности и со неформалната супер-група Mass Mental, чиј музички стил бил мешавина на реге, панк и метал. Со нив издал само еден албум, исклучиво наменет за јапонскиот музички пазар, и еден видео албум од нивниот концерт во Токио. Кратко бил член и во бендот Black Label Society, каде по поканата од неговиот колега Зек Вајлд, приредиле неколку свирки.

На Металика им се придружил на 23 февруари 2003 г. Освен него, во бендот се и Џејмс Хетфилд, Ларс Улрих и Кирк Хамет како членови со подолг стаж во групата.[4] Со нив првпат се запознал во 1993 г. кога неговиот тогашен бенд Suicidal Tendencies настапувал како предгрупа на Металика за време на нивната светска турнеја Nowhere Else to Roam. И наредната (1994) година настапувал во придружба на Металика, и тоа на турнејата Shit Hits the Sheds.[5] Аудуцијата за нов басист на Металика и неговиот избор биле документирани во филмот Some Kind of Monster. Добил еден милион долари како парична награда за неговото примање од страна на бендот. Како моментален басист на Металика, на 4 април 2009 г. бил примен во Rock and Roll Куќата на славните, заедно со неговиот претходник Џејсон Њустед (кој во 2001 заминал од Металика) и покојниот Клиф Бартон.

Глумечка кариера

Трухиљо се има појавено во повеќе филмски улоги, од кои позначајни му се настапите во играниот филм „Куќен повик“ (1978) и комедијатаКалифорниски човек“ (1992). Исто така има добиено помала ролја во ТВ серијата „Чипс“, како и во мини серијата „Честа на разузнавачот“.

Приватен живот

Роберт е оженет и има добиено син и ќерка, кои се викаат Тај и Лула. Неговата девојка, сегашна сопруга, Клои, има насликано пирографска слика од ацтечкиот календар на неговата бас гитара.[6] Неколку години по овој настан, кога Роберт слушнал дека Клои се преселила во Лос Анџелес, тој ѝ телефонирал од говорница, со намера повторно да стапат во љубовна врска. Заедно се веќе седум години, а од неодамна и се брачни другари. Неговата сопруга има сопствено мрежно место со име „Клои во уметноста“.

Дискографија

Џери Кантрел

  • Degradation Trip (2002)
  • Degradation Trip Volumes 1 & 2 (2002)

Black Label Society

  • 1919 Eternal (2002)

Infectious Grooves

  • The Plague That Makes Your Booty Move...It's the Infectious Grooves (1991)
  • Encino Man Soundtrack (1992)
  • Sarsippius' Ark (1993)
  • Groove Family Cyco (1994)
  • Mas Borracho (1999)
  • Years Of Cycos (2008)
  • Funk It Up - Live In France 1995 (2010)
  • Mad Mad Muir Musical Tour (2011)

Suicidal Tendencies

Глен Типтон

  • Baptizm of Fire (1997)

Mass Mental

  • How To Write Love Songs (1999)
  • Live in Tokyo (2001)

Ози Озборн

Металика

Со други музичари

  • The Blackest Box (2002)
  • A Song for Chi (2009)

Филмографија

Наводи

Надворешни врски


Претходник
Џејсон Њустед
Басист на Металика
2003-денес
Наследник
/

Поврзано

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!