Рајхстаг (германски: Reichstag - Царско собрание) бил парламент на Светото Римско Царство, Северногерманскиот Сојуз и Германија до 1945 година. Денешниот парламент се вика Бундестаг (гер. Bundestag - сојузно собрание), но зградата на парламентот во Берлин сѐ уште се вика Рајхстаг. Постојната зграда (на сликата), во нејзиниот првичен облик, е започната во 1884 г. и е дело на архитектот Паул Валот.