Формули за претворање на Ранкинов степен
|
од Ранкинов степен
|
во Ранкинов степен
|
Целзиус
|
[°C] = [K] − 273,15
|
[K] = [°C] + 273,15
|
Фаренхајт
|
[°F] = [K] × 9⁄5 − 459,67
|
[K] = ([°F] + 459,67) × 5⁄9
|
Ранкин
|
[°R] = [K] × 9⁄5
|
[K] = [°R] × 5⁄9
|
Ранкинов степен (°R) — интервал на термодинамичката (апсолутна) температурна скала, наречна Ранкинова скала по нејзиниот изумител, шкотскиот инженер и физичар Вилијам Џон Ранкин, кој ја осмислил во 1859 г.
Симболот за ранкин (како име на единица, со мали букви) е °R[1] (или °Ra ако има потреба да се разликува од ремерот и реомирот). Како и кај Келвиновата, нулата на Ранкиновата скала означува апсолутна нула, со тоа што Ранкиновиот степен е еднаков на фаренхајтот, наместо на целзиусот. Температурата од −459,67 °F е еднаква на 0 °R.
Некои инженерски гранки во САД ја мерат термодинамичката температура на Ранкиновата скала.[2] Меѓутоа научниците во целиот свет мерат во келвини.[2] Националниот институт за стандарди и технологија не ја препорачува употребата на ранкинот заедно со неговите стандарди.[1]
Еве некои температури на Ранкиновата сакала:
|
Келвин
|
Целзиус
|
Фаренхајт
|
Ранкин
|
Апсолутна нула (по дефиниција)
|
0 K
|
−273,15 °C
|
−459,67 °F
|
0 °R
|
Точка на мрзнење на водата[3]
|
273,15 K
|
0 °C
|
32 °F
|
491,67 °R
|
Тројна точка на водата (по дефиниција)
|
273,16 K
|
0.01 °C
|
32,018 °F
|
491,688 °R
|
Точка на вриење на водата[4]
|
373,1339 K
|
99,9839 °C
|
211,97102 °F
|
671,64102 °R
|
Споредба на скали
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 B.8 Factors for Units Listed Alphabetically - Guide for the Use of the International System of Units (SI), NIST Special Publication 811, 2008 edition, Ambler Thompson and Barry N. Taylor
- ↑ 2,0 2,1 http://www.physorg.com/tags/temperature/
- ↑ Точката на мрзнење на прочистената вода изнесува точно 0,000089(10) Целзиусови степени - вид. Magnum, B.W. (1995). „Reproducibility of the Temperature of the Ice Point in Routine Measurements“ (PDF). Nist Technical Note. 1411. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-03-07. Посетено на 11 февруари 2007.
- ↑ Стандардна прочистена вода VSMOW при една стандардна атмосфера (101,325 kPa)
Поврзано