Апсолутна нула е најниска можна температура од која ништо не може да биде поладно, бидејќи тогаш во системот нема топлотна енергија. Единствен облик на движење кој на апсолутна нула поседува честички, (атоми, молекули...) се осцилации на нулта точка (zero-point energy) наменети за квантномеханички принцип на неодреденост.
Според договорот, апсолутната нула е точно дефинирана како:
0 К на Келвинова скала, која претставува термодинамичка (апсолутна) темературна скала и
Поимот апсолутна нула најверојатно прв го одредил Гијом Амонтон во втората половина на XVII век.
Тој бил современик на Бојл и Мариот, кои поставиле Бојл-Мариотов закон: Ако притисокот на некој гас расте, пропорционално се смалува неговиот волумен.
Амонтон ги проширил нивните истражувања со мерење на температура на компромитирачки гас. Приметил дека рамномерното смалување на температурата предизвикуваат пропорционално смалување на притисокот. Од овој поглед произведен е заклучок, дека понатамошното смалување на температурата довело до тоа, притисокот на гасот, на некоја конечна температура, биде еднаков на нула. Дека притиоскот не може да има негативна вредност, заклучил дека најниската температура, мора да има некоја конечна вредност. Неговата проценка била дека таа конечна температура - апсолутна нула има вредност -240°С.
Подоцна Шарл и Геј-Лисак го формурилае тој закон во построг облик. Тие докажале дека падот на притисокот, при опаѓање на темературата за 1°С изнесува 273-ти дел од притисокот, кој гасот го има на 0°С. Така апсолутната нула била утврдена на -273°С.
Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!