Променлива ѕвезда од типот на W Голема Мечка, наречена и нискомасена допирна двојка — вид на затемнувачка двојнапроменлива ѕвезда. Овие ѕвезди се блиски двојки од спектрален тип F, G или K кои делат една иста обвивка од материјал и затоа се во меѓусебен допир. Наречени се допирни двојни ѕвезди двете ѕвезди се сопираат и пренесуваат маса и енергија низ врзивното грло или „прекуконтакт“.[1]
Класата опфаќа две поткласи: A и W.[2] W UMa-двојките од типот A се сочинети од две ѕвезди, обете поврели од Сонцето, со спектрални типови A или F, и периоди од 0,4 до 0,8 ден. Оние од типот W се од постудените спектрални типови G или K и пократки периоди од 0,22 до 0,4 ден. Разликата во површинската температура на составниците е помала од неколку стотини келвини. Во 1978 г. е воведена и поткласата B, која се одликува со поголема разлика во површинската температура. Во 2004 г. се откриени H-системите (висок масен сооднос) од Силард Чизмадија и Петер Клаѓивик.
[3] Оние од типот H имаат поголем масен сооднос отколку ( = (маса на главната)/(маса на споредната)) и имаат дополнителен момент на импулсот.
Олин Еген открил дека овие ѕвезди следат однос период-боја, при што оние со покуси периоди се поцрвени.[4] Во 2012 г. Терел, Грос и Куни објавиле боен преглед на 606 W UMa-двојки во Џонсон-Казенсовиот фотометриски систем.[5]
Светлинските криви им се разликуваат од оние на класичните затемнувачки двојки, претрпувајќи постојани елипсоидни промени наместо одделни затемнувања. Ова се должи на тоа што ѕвездите меѓусебно гравитациски се изобличуваат, а со тоа и проектираната површина. Длабичните на сјајносните минимуми обично се истоветни бидејќи обете ѕвезди имаат речиси еднакви површински температури.
Прототип на оваа класа е ѕвездата W Голема Мечка (W UMa).
↑Wilson, R. E. (2001). „Binary Star Morphology and the Name Overcontact“. Information Bulletin on Variable Stars. 5076: 1. Bibcode:2001IBVS.5076....1W.
↑Leendert Binnendijk, Veröffentlichungen der Remeis-Sternwarte zu Bamberg, Nr. 40., p. 36, 1965