Примас (латински: primas од primus; прв, водач) - почесно звање на одредени високи црковни достоинственици во Католичката црква. Називот првпат се појавил во 4 век во Африка. Во минатото ова звање го имал бискупот кој имал јурисдикција над една или повеќе црковни покраини. Во средниот век, и во некои земји во новиот век, примасот бил првиот бискуп на една држава и како таков ги надгледувал другите метрополии и надбискупии (на пр., надбискупот од Толедо бил примас на Шпанија, а папата бил примас на Италија).