Прехранбени влакна (растителни влакна или прехранбени влакна) — несварлив дел од храната од растително потекло. Има два дела:
растворливи влакна — се раствораат во вода и лесно ферментираат во дебелото црево, претворајќи се во гасови и физиолошки активни нуспроизводи и можат да бидат пребиотски и вискозни.
нерастровливи влакна — не се раствораат во вода и се метаболички интертни, па така се задолжени за , или пак можат да бидат пребиотски и метаболички да се ферментираат во цревото. Неферментираните влакна впиваат вода движејќи се низ системот за варење и со тоа го олеснуваат празнењето на столицата.[1]
Прехранбените влакна можат да делуваат менувајќи ги особините на храната во системот за варење и менувајќи го примањето (впивањето) на другите хранливи материи и хемикалии.[2] Некои видови растворливи влакна впиваат вода и образуваат пивтиеста вискозна супстанција која се ферментира од бактериите во системот за варење. Други видови делуваат изметот да добие на обем и затоа не се ферментираат.[3]Лигнинот, кој е важен извор на нерастворливи влакна, може да го измени работата метаболизмот на растворливите влакна.[1] Трети видови пак, наполно се ферментираат (ваков е особено отпорниот сроб).[4]
По хемиски состав, прехранбените влакна се состојат од нескробниполисахариди како арабиноксилани, целулоза и многу други растителни состојки како отпорниот скроб, отпорните декстрини, инулинот, лигнинот, восоците, хитините, пектините, бета-гликаните и олигосахаридите.[1] Поимот „влакна“ не е секогаш соодветен, бидејќи многу видови на таканаречени прехранбени влакна не се навистина влакнести по структура.
Храната која содржи прехранбени влакна најчесто се дели според тоа дали претежно содржи растворливи или нерастворливи влакна.
Предноста на исхраната богата со прехранбени влакна е во благотворните соединенија кои се создаваат со ферментацијата на растворливите влакна и способноста на нерастворливите влакна (преку нивните пасивни хигроскопни својства) да го зголемат обемот на изметот, да ја сменкат столицата и да го намалат времето на премин низ цревата. Непожелна последица од ваквата исхрана може да бидат зголеменото производство на гасови и надовување на стомакот.
Некои растенија содржат големи количества на растворливи и нерастворливи влакна. На пример, лушпата на сливата содржи нерастворливи влакна, а месестиот дел е богат со растворливи влакна. Грозјето е исто така познато како значаен извор на прехранбени влакна.[5]
Растворливите влакна се содржат во различни количества во сите храни од растително потекло, меѓу кои:
↑Anderson JW, Baird P, Davis RH; и др. (2009). „Health benefits of dietary fiber“. Nutr Rev. 67 (4): 188–205. doi:10.1111/j.1753-4887.2009.00189.x. PMID19335713.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
↑Stacewicz-Sapuntzakis M, Bowen PE, Hussain EA, Damayanti-Wood BI, Farnsworth NR (May 2001). „Chemical composition and potential health effects of prunes: a functional food?“. Crit Rev Food Sci Nutr. 41 (4): 251–86. doi:10.1080/20014091091814. PMID11401245.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Higgins JA (2004). „Resistant starch: metabolic effects and potential health benefits“. J AOAC Int. 87 (3): 761–8. PMID15287677.
Tungland BC, Meyer D. Nondigestible oligo- and polysaccharides (dietary fiber): their physiology and role in human health and food. Comprehensive Reviews in Food Science and Food Safety 1:73-92, 2002.
Marlett JA (2001). Dreher ML, Cho SS (уред.). Handbook of dietary fiber. Dietary fiber and cardiovascular disease. New York: M. Dekker. стр. 17–30. ISBN0-8247-8960-1.
Управа за храна и лекови на САД. Health Claims: Soluble fiber from certain foods and risk of heart diseases. Code of Federal Regulations. 2001;21:101.81.
Eastwood MA, Brydon WG, Tadesse K (1980). Kay R, Spiller GA (уред.). Medical aspects of dietary fiber. Effect of fiber on colon function. New York: Plenum Medical Book Co. стр. 1–26. ISBN0-306-40507-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Prynne CJ, Southgate DA (May 1979). „The effects of a supplement of dietary fiber on faecal excretion by human subjects“. Br J Nutr. 41 (3): 495–503. doi:10.1079/BJN19790064. PMID465439.