Петре Арсовски (р. 12 јуни 1945 во Мокрени, Велешко) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Животопис
Петар Арсовски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Бил првата генерација димломирани глумци заедно со Ѓорѓи Колозов, Мајда Тушар, Гоце Влахов, Снежана Киселичка, Кирил Псалтиров, Соња Каранџуловска, Ацо Дуковски, Лилјана Велјанова и Љупчо Петрушевски.
Првата улога Петре Арсовски ја остварува во 1968 година во претставата „Венецијански близнаци“ во улога Првиот полицаец, чија премиера била одржана на 12 декември 1968 година. Во текот на својата театарска кариера, учествувал во глумење на 58 ликови на сцената на МНТ, како и 16 ликови на други сцени од други театри.
За првпат на филм се појавил во играниот филм „Македонскиот дел од пеколот“ во 1971 година. Во 1974 година се вработил во Македонскиот народен театар каде се пензионирал во 2009 година. И покрај пензионирањето, Арсовски продолжил со играњето во претстави и филмови.
Тој во својата кариера има остварено, бројни филмски улоги, играјќи во над 60 филмови и над 20 телевизиски серии. Тој е единствениот македонски глумец кој има остварено над 80 филмски и телевизиски улоги, заедно со Петре Прличко, Мето Јовановски и Илија Џувалековски. Остварил главни улоги во филмовите: Истрел, Најдолгиот пат, Пресуда, Време, води, Среќна нова '49, Тетовирање, Стапица, Трето полувреме, Златна петорка. Играл и во телевизиските серии: Волшебното самарче, Бушава азбука, На наш начин, Трст виа Скопје, Во светот на бајките, Македонски народни приказни, Заведени и Сенки над Балканот.
Во 2018 година по повод 50 години од својата глумечка кариера, Арсовски направил изложба во фоајето на Македонскиот народен театар[1].
Добитник е на повеќе награди и признанија.[2]
Живее и работи во Скопје.
Филмографија
Награди
Наводи
Надворешни врски