Палатата на Дафне (грчки: Δάφνη) се наоѓала во склоп на Големата палата во Цариград во времето на Византија. Името на палатата дошло според статуата на нимфата Дафне, која била донесена од Рим[1].
Палатата Дафне била една од првите градежни објекти кои биле изградени во новата престолнина на Константин Велики[2]. Објектот бил проширен во времето на Јустин II (565-568), и во следните неколку векови објектот претставувал главна административна зграда на императорите до 8 век. Целиот комплекс вклучувал параклис посветен на Свети Стефан и одаите на императорот. Објектот исто така се користел за официјално крунисување на новите императори, нивни свадби и семејни веселби.