Островица — планински венец во југоисточна Албанија. Планината има една долга верига која содржи многу врвови високи над 2.000 метри надморска височина, највисокиот врв е на 2.383 метри. Веригата е покриена со песок, а кај врвовите е многу каменесто.
Географија
Планината се наоѓа во југоисточна Албанија, меѓу реките Осум и Девол кои се притоки на реката Семан која влегува во Јадранското Море северно од градот Валона. Регионот околу планината е многу изолиран и содржи многу кањони и клисури и други планински врвови како Томорица 2.416 метри. Најголемото населено место близу планината е Чоровода на запад.
Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!