Основен суд Прилеп

Основен суд Прилеп — суд со основна надлежност сместен во градот Прилеп и го опфаќа подрачјето на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани.[1] Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судовите во Прилеп и Крушево.

Судот во Прилеп ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Прилеп одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.

Историја

Основниот суд во Прилеп, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година. Во првичниот период, судот работел во зграда од предвоениот период, во која денес е сместен Државниот архив.

Судот во 1968 година добил нов објект, кој имал приземје и два ката. Во 2001 година, зградата на судот започнала да се доградува.

Судот имал практика да одржува судски денови на подрачјето на Мариово.

Внатрешна организација

Основниот суд во Прилеп е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.

Претседатели на судот

Од неговото основање во 1945 година, претседатели на ОС Прилеп биле следниве:

  • Милан Самак
  • Киро Пашоски
  • Радослав Славески
  • Кирил Нанески
  • Владимир Тренкоски
  • Кирил Цветаноски
  • Стеван Стојчески
  • Ангелчо Видески
  • Љубен Биноски
  • Јане Тренчевски

Поврзано

Наводи

  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.

Надворешни врски

41°20′34″N 21°32′53″E / 41.34278° СГШ; 21.54806° ИГД / 41.34278; 21.54806

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!