Орчуша (албански: Orqushë или Orqusha; српски: Орчуша) — село во областа Гора, денес во општината Драгаш на Призренскиот округ, јужно Косово.[1] Населението брои 60 жители (2011), сочинето од Горанци.
Селото се наоѓа во областа Гора, на десната страна од реката Плава, високо на планината Коритник, на надморска височина од 950 м. Сместено е во непосредна близина на границата со Албанија, на која се наоѓа граничниот премин Оргоста-Орчуша.
Селото Орчуша се споменува како селиште под името ωрчюша̀ во грамота на царот Стефан Душан од 1348-1352 година, издадена од манастирот „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ во Призрен.[2]
По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија, заедно со уште осум горански села. Според Стефан Младенов во 1916 г. Орчуша (О̀рчуша) било македонско село со 64 куќи.[3]
Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Орчуша (Орчища) било село со 80 куќи на Македонци-муслимани.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 јужнословенски муслимани (Горанци).[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Џамии