Опел Калибра

Опел Калибра
ПроизведувачOpel
Познат и какоШевролет Калибра
Холден Калибра
Воксхал Калибра
Производство1989–1997
239,118 единици[1]
Финска: 3,385
V6: 12,015
Склопување
ПретходникОпел Манта
НаследникОпел ГТЦ
Класаголем автомобил (D-segment)
Вид каросерија2-врати купе хечбек
РаспоредFF layout/F4 layout
ПлатформаПлатформа GM2900
Мотор
Пренос5-брзини рачно
6-брзини рачно
4-брзини автоматско
СродниОпел Вектра
Сааб 9-3
Сааб 9-5
Сатурн Серија L
КонструкторЕрхард Шнел

Опел Калибра (германски: Opel Calibra) — автомобил дизајниран и произведен од германскиот производител на автомобили Опел. Производството на Опел Калибра траело од 1989 до 1997 година. Во Велика Британија, каде што останал во продажба до 1999 година, се продавал под брендот „Воксхал“ како „Воксхал Калибра“[2]. Исто така, Шевролет го продавал како Шевролет Калибра во Јужна Америка, и Холден Калибра во Австралија и Нов Зеланд од страна на Холден.

Калибра била претставена како одговор на јапонските спортски модели на купе, на крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите. Во неа се користиле придвижувачите на првата генерација Опел Вектра, кој модел бил претставен во октомври 1988 година. Производството на „Калибра“ било во седиштето на фабриката „Опел“ во Риселсхајм, Германија[3] и фабриката за автомобили „Валмет“ во Усикаупунки, Финска, каде што производството било консолидирано во ноември 1995 година[4].

Калибра првично била достапна само со погон на предните тркала, но од ноември 1990 година станала достапна и на четири тркала.

Опел Калибра (1994–1997)
Воксхал Калибра (1995)
Холден Калибра (1991)
Опел Калибра 2.0 16V Last Edition
Опел Калибра

Наводи

  1. Eberhard Kittler: Deutsche Autos seit 1990, vol. 6. Motorbuch Verlag, Stuttgart 2001, ISBN 3-613-02052-1, p. 311.
  2. „Combined stats“. How Many Left?. Архивирано од изворникот на 2012-03-28. Посетено на 5 February 2011.
  3. „Valmet Automotive Inc. – Over one million cars“. Valmet-automotive.com. Архивирано од изворникот на 2012-02-15. Посетено на 19 August 2011.
  4. „Invaluable Resources – C20LET“. Max Boost. Архивирано од изворникот на 2018-08-17. Посетено на 14 February 2008.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!