Опел Агила (германски: Opel Agila) — градски мал автомобил кој бил произведуван од страна на германската марка на автомобили Опел во периодот од 2000 до 2014 година, како варијанта на „Сузуки Вагон Р+ “ (прва генерација) и „Сузуки Сплеш“ (втора генерација). Се продавал под марката Воксхал во Велика Британија.
Првата генерација била класифицирана како градски автомобил, додека втората генерација како минивен, а автомобилот бил заменет во март 2015 година од Опел Карл, кој е познат како Воксхал Вива во Велика Британија.
Првата генерација Агила претставува иста верзија како Сузуки Вагон Р+, кој бил произведуван во Јапонија. Опел Агила А се произведувал како бензинец од 1000 и 1200 кубици и дизел со 1300 кубици. Продажбата започнала во август 2000 година.
1,0 моторот бил моторот Z10XE со три цилиндри и 973 кубици. Моторот 1,2 бил Z12XE со четири цилиндри и 1248 кубика. Агила била произведувана во фабриката на Опел во Гливице, Полска, додека Сузуки Вагон Р + во фабриката Маџар Сузуки во Унгарија.
Втората генерација Агила била официјално претставена на 15 мај 2007 година и била претставена на Саемот за автомобили во Франкфурт во 2007 година.[2]. Сузуки ја продавал оваа генерација под името Сплеш.
Автомобилот бил 200 мм (7,9 инчи) подолг од неговиот претходник - сличен на оние како Цитроен Ц3 Пикасо, Тојота Јарис, Хонда Џез и Нисан Микра. Како поголем во големина од претходната генерација бил класифициран како мини МПВ. Продажбата започнала во април 2008 година.
Бензинските мотори биле со три цилиндри и 1000 кубици, 65 КС (48 kW; 64 КС) и четири цилиндри со 1200 кубици и 86 КС (63 kW; 85 КС), а дизел верзијата била со четири цилиндри и 1300 кубици со CDTI од 75 КС (55 kW; 74 КС).
Европското производство на „Опел Агила“ и „Сузуки Сплеш“ било во фабриката „Маџар Сузуки“ во Унгарија[3]. Автомобилот бил заменет во март 2015 година од „Опел Карл“, познат како „Опел Вива“ во Велика Британија.
Сите мотори ја содржат технологијата „Екотек“.
119 (2010-)