Младен Крстевски (роден на 25 август 1953 година во Кратово) — македонски филмски и театарски глумец и режисер.[1]
Животопис
Младен Крстевски дипломирал на отсекот за драмски глумци на Високата музичка школа во Скопје во класата на проф. Илија Милчин и Димитрие Османли во 1978 година. Во периодот 1978-1979 година бил член на Народниот театар во Штип. Од крајот на 1981 до неговото пензионирање во 2020 година, работел во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес, каде што бил и директор (2002–2006) и (2017-2020). Покрај неговиот матичен театар, тој гостувал и во други театри во Македонски народен театар, Драмски театар - Скопје, Театар Куманово и други теататски куќи во Македонија. Снимил неколку филмови во сопствена продукција.
Наградуван е на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1979 и 1990 година. Општина Велес му ја доделила „Ноемвриската награда“[2] .
Филмографија
|
1970▼
|
1980▼
|
1990▼
|
2000▼
|
2010▼
|
2020▼
|
Вкупно
|
Долгометражен филм
|
1
|
9
|
5
|
4
|
3
|
2
|
24
|
ТВ филм
|
1
|
5
|
4
|
4
|
1
|
0
|
15
|
ТВ серија
|
3
|
1
|
5
|
1
|
4
|
5
|
19
|
Вкупно
|
5
|
15
|
14
|
9
|
8
|
5
|
56
|
Награди и признанија
- Награда „Војдан Чернодрински“ (1979 и 1990)
- Награда за главна машка улога во филмот „Последниот фалцер“, Бугарија
- Награда за најдобро сценарио за филмот „Последниот фалцер“, Црна Гора
- Бронзена награда за најдобар странси филм за „Последниот фалцер“, Хјустон, Соединетите Држави
- Награда за филмот „Крчма на патот кон Европа“ на Филмски фестивал „Тупело“ во Соединетите Држави (2007)
- „Ноемвриска награда“ на Општина Велес
- Посебна награда на Меѓународниот антички фестивал „Стоби“, за претставата „Индија, Индија“
- Награда „Ристо Шишков“
- Награда за претставата „Вдовицата се мажи“ на Меѓународниот театарски фестивал во Лобна, Москва, Русија (2018)
- Награда „Петре Прличко“ (2018)
- Награда за најдобра машка улога на Меѓународниот театарски фестивал во Лобна, Москва, Русија (2023)
Наводи
Надворешни врски