Минбер — простор во џамијата каде имамот (водачот на молитвата) стои за време на хутбата.
По својата функционалност, минберот во целост е говорница. Како што е пракса и кај класичните говорници, минберот е издигнато место за да обезбеди говорникот јасно да се слуша во целиот простор на џамијата. Исто така, неговата висина придонесува на видливоста на предавачот од страна на слушачот.
Минберот обично е во облик на мала кула со скали кои водат до неа. Често е преполн со орнаменти и богато украсен. Првобитните минбери биле обични дрвени подножја со 3 скалила, но со време станал составен знак на исламската архитектонска препознатливост. Денешните минбери во Босна и Херцеговина имаат 12 скалила, што одговара на турската традиција.
Минберот е позиционира десно од михработ, место кое го означува правецот на молитвата, т.е. правецот на Ќабата кон која се вртат муслиманите при молитва. Исто така, обичај е и минберот да биде свртен во правец на Ќабата.