Милош Павловиќ (Чачак, 29 септември 1901 – Скопје, 1978) ― српски и југословенски геолог и професор.
Образование
Основно образование учел во Чачак. За време на Првата светска војна, со татко му преку Албанија отишол во Бизерта каде останал 2 години (1916-1917). Потоа заминал на школување во Ница. Во 1919 година, се вратил во новосоздаденото Кралство СХС и по завршувањето на гимназијата, се запишал на Групата за геологија на Филозофскиот факултет во Белград. Дипломирал во 1925 година.[1]
Кариера
Работел како асистент на Отсекот за геолошки карти, а потоа до 1930 година, работел како професор во гимназија во Заечар, Штип и Вуковар. По создавањето на Геолошкиот институт на Кралството Југославија, се вработил и таму останал до 1945 година.
После Војната, во областа геологија работел на разни места во Црна Гора, Тирана, Белград, а од 1954 до 1965 година, работел како професор на Катедрата и Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Предавал Општа геологија со петрографија. Се пензионирал во 1965 година. Починал во 1978 година.[1]
Поврзано
Наводи