Милан Фирфов (Скопје, 25 март 1943 - Скопје, 28 април 2012) — македонски музички работник, диригент, пијанист, оперски пејач - баритон и пензиониран редовен професор на ФМУ во Скопје. Фирфов е син на македонската оперска дива Данка Фирфова[1] и музичкиот деец Живко Фирфов[2].
Животопис
Фирфов е роден во Скопје, на 25 март 1943 година во видно музичко семејство. Дипломирал пијано кај А. Прегер, во 1969 и соло-пеење кај Н. Цвеиќ, во1970 година на Музичката академија
во Белград, каде што ја стекнувал и титулата магистер по соло-пеење кај З. Зикова во 1974 година. Уметничката кариера ја започнал како солист во Операта на МНТ, а од 1969 година почнал да предава на ФМУ во Скопје како редовен професор. Приредил повеќе солистички рецитали и настапи во придружба на оркестар. Се занимавал и со музичка критика. Познат бил по многубројните солистички и концертни настапи на разни музички манифестации во Македонија и во странство. Има настапено и како фолк пејач на фестивалот за патриотски песни Гоце Фест. До своето пензионирање бил редовен професор на ФМУ во Скопје, кој предавал соло-пеење и клавир. По долго боледување, починал во Скопје на 28 април 2012 година.[3]
Наводи
Надворешни врски