Мехмет Топал (роден на 3 март 1986 во Малатија) — турски фудбалер, играч од средниот ред на Фенербахче и на турската репрезентација.
Технички одлики
Способен е да игра како централен дефанзивец, или како последен играч за врска, и подеднакво добро игра и со левата и со десната нога.
Кариера
Клупска кариера
Роден во Малатија, Топал ја започнал својата фудбалска кариера во локалниот клуб Малатија Б.С.. Своето професионално деби го направил во 2004 година, во дресот Дарданелспор во Третата лига на Турција.
Во септември 2006 се преселил во еден од најпознатите турски клубови, екипата на Галатасарај. Во првата сезона во Истанбул играл спорадично во првиот тим, а претежно во вториот, но благодарение на повредата на швеѓанецот Линдерот, добил поголема минутажа и место во почетната постава. Топал изјавил: "Тој ми помогна многу, и ми кажа кој се областите што треба да ги подобрам и како да го сторам тоа. За жал, јас ја добив шансата преку неговата повреда, но јас посакувам тој да се опорави во најкраток можен рок."[1] Во април 2008 потпишал продолжување на договорот со Галатасарај до 31 мај 2011. Во сезоната 2007-2008 со Галатасарај го освоил турското првенство, неговиот единствен трофеј со оваа екипа.
На 13 мај 2010, потпишал за шпанската Валенсија за 5 милиони евра.[2] Топал дебитирал во Ла лига на 19 септември играјќи ги сите 90 минути во победата со 2-1 на гостувањето кај Еркулес. Само шест дена подоцна го постигнал својот прв гол во дресот на Валенсија, во победа со 2-0 на гости против Спортинг Хихон.[3]
На 1 јули 2012, се вратил во Турција потпишувајќи четиригодишен договор со Фенербахче за трансфер-сума од 4,5 милиони евра.[4] Во првата сезона му помогнал на клубот да го освои Купот на Турција. Следната сезона со 27 настапи и 3 гола придонел за освојување на Турската Супер лига, негова втора титула во домашното првенство во кариерата.
На 11 август 2015 година, после тренинг додека возел на кај дома во придружба на соиграчот Ујгар Мерт, автомобилот на Топал бил застрелан од страна на непознат маж.
Репрезентативна кариера
Мехмет Топал дебитирал за сениорската репрезентација на Турција на 6 февруари 2008 во пријателски натпревар против Шведска (0-0), влегувајќи од клупата за резерви на местото на Емре Белозоглу во 78-мата минута.
Со турската репрезентација има учествувано на Европското првенство 2008, каде што Турција била елиминиран во полуфиналето од страна на Германија. Топал одиграл 4 од 5-те натпревари на турнирот.
Титули
Галатасарај
Фенербахче
Наводи