Фатих Терим (турски: Fatih Terim) (4 октомври1953 во Адана, Турција), е фудбалски тренер и поранешен фудбалер на Галатасарај. Има тренирано неколку клубови од Турција и Италија, како и сениорската репрезентација на Турција и репрезентацијата на Турција до 21 година.
Во Турција и Италија е познат под прекарот Император.
Играчка кариера
Професионалната кариера ја започнува во Адана Демиспор. Поради финансиски проблеми во кои се наоѓал е единствениот играч кој бил тајно платен од страна на клубот, а веќе после 3 години постанува и капитен. Во 1974 преминува во Галатасарај каде што останува 11 години и игра во одбрана на позиција централен одбранбен играч. Со Галатасарај трипати го освојува Купот на Турција (1972, 1982 и 1985) и еднаш Суперкупот на Турција (1982).
По завршувањето на играчката кариера бил повикан во стручниот штаб на Галатасарај од страна на Јуп Дервал. После тоа оди во Анкарагјуџа каде што останува 18 месеци, а подоцна и една година во Гезтепе како тренер. во 1990 година добива покана од Зеп Пјонтек да се приклучи на стручниот штаб на репрезентацијата на Турција, а подоцна е тренер на репрезентацијата на Турција до 21 година.
Во 1993 доаѓа на местото тренер на сениорската репрезентација со која се пласира на Европското првенство во фудбал 1996 што за Турција е прв настап на едно европско првенство.
Галатасарај го враќа во својот штаб како тренер во 1996 година, и 4 пати последователно ја освојува Суперлигата на Турција и Куп на УЕФА 2000 година, што го прави најуспешен тренер во историјата на клубот.