Роден е во Малме во 1999 година. Тој е син на Бо Сванберг, поранешен шведски хокеар.[1]
Матијас е верен со Алис Магнусон, фудбалерка на женскиот тим на Болоња.[2]
Технички одлики
Внатрешен играч за врска,[3] кој може да игра и како крило.[3] Тој е физички силен играч,[3] опремен со добра техника[3] и добар во уфрлувањата напред од втор план.[3] Исто така, често знае да биде и асистент при погодоците на неговите екипи.[3]
Клупска кариера
Почетоци и Малме
Матијас го започнал својот фудбалски пат во екипата на Бункефло ИФ, клуб од Малме, кој од 1 јануари 2008 година станал ИФ Лимхамн Бункефло по спојувањето со екипата на Лимхамн.
Пред почетокот на сезоната 2013 година, тој му се приклучил на младинскиот сектор на Малме. На 7 јуни 2015 година, на 16-годишна возраст, тој за првпат се нашол на клупата за резерви за првиот тим на Малме во нивниот натпревар на домашен терен против Јургорден.[4] Во текот на истата сезона, поточно на 8 ноември, тој го направил својот прв официјален настап за првиот тим на Малме играјќи во Купот на Шведска против аматерите ИФ Гетене.[5]
На 4 март 2016 година, 17-годишниот Сванберг потпишал четиригодишен договор со Малме.[6] На 28 мај истата година, тој го имал своето деби во Алсвенскан лигата, влегувајќи како замена на местото на Видар Ерн Кјартансон во 82-рата минута од натпреварот Естерсунд - Малме (1-4), во 12-тото коло од првенството.[7] Својот прв погодок го постигнал на 25 септември 2016 година, во дербито на Сканија, кое небесно-сините го добиле со 2-0 на домашен терен против Хелсингборг.[8] Во натпреварот со кој математички играчите на Малме си ја осигурале националната титула, на гостувањето кај веќе испаднатиот Фалкенберг одигран на 26 октомври 2016 година, Сванберг постигнал гол и забележал асистенција во победата со 0-3.[9]
Во сезоната 2017, Сванберг добил позначајна улога во екипата и со 18 настапи и еден гол придонел за освојувањето на втората првенствена титула со Малме. Во сезоната 2018, Сванберг станал постојан стартер и бил еден од само двајцата играчи кои настапиле на секој натпревар за време на пролетниот дел од првенството пред тој да го напушти клубот во летото 2018.
Болоња
На 5 јули 2018 година, тој се преселил во Италија каде потпишал за екипата на Болоња, во трансфер вреден 5 милиони евра.[10] Дебитирал во Серија А на 16 септември 2018, влегувајќи како замена од клупата за резерви во поразот со 1-0 на гостувањето кај Џенова. Својата прва сезона во италијанскиот клуб ја завршил со 23 настапи во првенството и еден во купот, но без постигнат погодок.
Својот прв гол во дресот на Болоња го постигнал во последното коло од сезоната 2019-2020 во Серија А, во ремито 1-1 на домашен терен против Торино.[11] Тој станал многу важна алка во екипата на тренерот Синиша Михајловиќ во сезоната 2020-2021, кога одиграл 34 натпревари во првенството и постигнал 5 голови, вклучувајќи ги и двата во победата со 4-1 на Дал'Ара против Специја.[12]
Репрезентативна кариера
Откако настапувал за репрезентациите на Шведска под 17 и под 19 години, тој го одиграл својот прв натпревар за репрезентацијата под 21 година започнувајќи како стартер во двобојот против Кипар кој завршил со победа на швеѓаните со 4-1.[13]
Следната година, тој се вратил во составот на Шведска откако бил повикан за натпреварите против Романија и Фарски Острови;[16] против втората репрезентација го направил своето деби на 18 ноември 2019 и исто така го пронашол патот до мрежата на противникот реалзирајќи го својот прв гол за сениорската репрезентација во победата со 3-0.[17]
Во летото 2021, Сванберг за првпат во кариерата бил повикан да настапи на некое големо натпреварување, откако се нашол во составот на Шведска од 26 играчи за Европското првенство 2020, но не забележал ниту еден настап на турнирот.
Хронологија на репрезентативните настапи
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска
↑skd.se, уред. (6 giugno 2015). „16-åring får chansen i Malmö FF:s trupp“. Архивирано од изворникот на 6 јуни 2015. Посетено на 11 септември 2017. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Занемарен непознатиот параметар |lаnguage= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)