Манастирот Света Петка — македонски православен христијански манастир кој се наоѓа во близината на селото С'лп во околината на Велес. Сместен е на самиот десен брег на реката Вардар веднаш над железничката пруга на околу 600 метри од железничката станица „Рајко Жинзифов“. Изграден е во периодот од 2005 до 2008, а осветен е на 11.10.2008[1]. Негов ктитор е Зоран Темелков од Велес[1]. Во рамките на манастирот има чешма, сала и трпези за делење ручек и летниковци.
Наводи