Малата белочелна гуска (Anser erythropus) е многу слична на обичната белочелна гуска и е распространета во Азија, но исто така ја има и во Европа и Македонија, како и во северниот дел на Скандинавскиот Полуостров.
Малата белочелна гуска е долга од 53 до 66 см и има распон на крилјата од 120 до 135 см. Таа е позната по своите светлопортокалови нозе и глувчеста боја на горните делови од крилјата. Карактеристично за нејзе е тоа што таа има воочливо бело лице, широки црни ленти кои поминуваат низ стомакот и жолтите прстени кои се наоѓаат околу очите. Нивната раса се смета дека е една од загрозените видови, но има програми кои ги воведуваат овие животни во дивината за нивната популација да зајакне.
Малата белочелна гуска е моногамна птица. Гнездото го прави директно на земја, често скриено под некој даб. Несе 4-5 белокремасти јајца, со големина 76 х 49 мм и просечна тежина од 100 g. Ги инкубира само женката 25–28 дена. Малечките се испилуваат доволно развиени за да можат самостојно да се движат и хранат.
Ова генетско различно население се проценува на околу 20 пара за размножување или од 60 до 80 од вкупниот број поединци. Тие се одгледуваат во Северна Норвешка, а зимуваат во Грција, Бугарија и Турција. Нивно собиралиште е место кое се наоѓа во Унгарија, каде птиците поминуваат до два месеца во есента и еден месец во текот на пролетната преселба.[1]