250-400+; видете во текстот.
Родот лутиче (латински: Ranúnculus) обединува едногодишни или многугодишни, водни или сувоземни тревести растенија со јадлив, а понекогаш и отровен сок.
Листовите се последователни, целосни или рассечени.
Цветовите се единечни, конечни или собрани во сложени соцветија. Чашкини листови од три до пет; кај повеќето видови се пет; обично пет венечни ливчиња, понекогаш помалку или повеќе; венечните ливчиња во својата основа имаат медна јамка, гола или препокриена со мали лушпи; многубројни прашници и плодници; секој плодник се состои од по еден плоден лист со еднокоморен јајчник.
Цветната формула е ∗ K 5 C 5 A ∞ G ( ∞ _ ) {\displaystyle \ast K_{5}\;C_{5}\;A_{\infty }\;G_{({\underline {\infty }})}} [1][2]
Плодот е збирен и се состои од повеќе семенки.
Бројот на сите видови на лутичиња изнесува околу 160, при што повеќето од нив се среќаваат во умерените и ладни клими на северната полутопка.
Лутичето било симбол на моќта на султаните од Османлиското Царство.