Еднодневни трки и класици
Леополд Кениг (чешки: Leopold König; р. 15 ноември 1987) — чешки професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[1]
Кениг како дете играл хокеј на мраз, користејќи го неговиот велосипед многу често, а веќе на 14-годишна возраст започнал со друмскиот велосипедизам.[2]
Кениг освоил етапа на Трката околу Британија 2012, а во април 2013 и кралската етапа на Трката околу Калифорнија. Кениг побегнал од бегството со малку членови во последните километри и го достигнал Ханиер Асеведо, поминувајќи го на само 300 метри пред целта.[3]
Меѓутоа, обете победи кулминирале во септември 2013, кога неговата екипа добила покана на Вуелта а Еспања. На самата трка ја освоил планинската етапа 8 откако го достигнал Игор Антон во последните 500 метри.
Кениг го имал својот прв настап на Тур де Франс во 2014 година, завршувајќи седми.
Подоцна, потпишал двегодишен договор за да вози со Тим Скај.[4] Кениг го постигнал својот прв подиум за Тим Скај, забележувајќи трето место на Трофео Сера де Трамунтана.[5] На Џиро д’Италија го преземал улогата на предводник откако предводникот Ричи Порт доживеал огромно губење на време и на крајот се повлекол.[6] На шеснаесеттата етапа, Кениг бил казнет 10 секунди поради држење на автомобили.[7] Кениг бил добар на завршните етапи, но не доволно добар за да обезбеди место меѓу првите пет, завршувајќи на шестото место.
По две години со Тим Скај, Кениг се вратил во својата поранешна екипа - сега позната како Бора-Хансгрое – со тригодишен договор.[8] Во првата половина на сезоната 2017, Кениг настапил само на две трки поради повреда.[9]
СО = се откажал; — не учествувал