6–7 постоечки, Погледајте текст.
Cygnanser Крецој, 1957
Лебед претставуваат птици од фамилијата на Anatidae, во која спаѓаат и гуските и патките.
Пердувите на лебедите се целосно бели, или се мешавина од црно и бело, понекогаш и со бело црни завршетоци на крилјата. Црните лебеди се единствените видови на црни лебеди. Тие имаат бели завршетоци на крилјата и изразена црвена боја на клуновите. Мажите и жените се секогаш многу слични, без сексуален диморфизам. Лебедите во однос на гуските се различни, имаат подолг врат кој им овозможува да пребаруваат на дното, и во подлабоката вода, како и во големината на телото, што ги прави најголеми водни птици, распонот на крилјата може да им достигнат и до два метра, а нивната тежина може да изнесува 15 кг, се смета дека нивниот животен век се движи од 19- 50, но и повеќе од ова, спротивно на крилјата нозете им се многу кратки, така што лебедите на земјата делуваат многу неспретно, меѓутоа затоа имаат силни крилја и мускули, па можат да прелетаат и повеќе од илјада километри до своите гнезда на север. Двата родители се грижат за младите, и остануваат со нив до една година
Лебедите во потесна смисла на видовите се од Cygnus, кои се делат на пет, односно седум видови. Јужноамерикански Коскорба лебед е единствениот вид од родот Coscoroba.
Прави лебеди (-{Cygnus}-)
Коскороба лебеди (-{Coscoroba}-)