Куп на УЕФА 1971-1972 — прва сезона на ова натпреварување под ова име. Воведено е во 1971 како заменик на дотогашниот Куп на саемските градови. Настапувале клубовите од најсилните лиги од секоја европска земја кои не успеале да се пласираат во Купот на европските шампиони и Купот на победниците на куповите.
Натпреварувањето започнало на 14 септември 1971 година и завршило со финален двомеч одигран на 3 и 17 мај 1972 година.
Учествувале 64 клубови. Одберените парови (преку ждрепка) во сите фази од натпреварувањето играле по два натпревари. Во случај на нерешен вкупен резултат, победникот се одлучувал преку правилото за повеќе постигнати голови на гости, а доколку и тој резултат бил еднаков, победникот се решавал преку изведување на пенали.
За време на ждрепката клубовите од иста држава не смееле да играат меѓусебно сè до четвртфиналните натпревари.
Прво коло
Првите натпревари се одиграле на 14 и 16 септември, а реванш натпреварите на 29 и 30 септември 1971 година.
1 Натпреварот бил одигран во Рејкјавик.
2 Виторија Сетубал победила по правилото на постигнат гол на гости.
3 Панионис победил по правилото на постигнат гол на гости.
4 Халешер го напуштил натпреварувањето по првиот натпревар.
5 Влазнија Скадар се повлекла од натпреварувањето.
Второ коло
Натпреварите биле одиграни на 19 и 21 октомври, а реванш натпреварите на 2 и 4 ноември 1971 година.
1 Победил по правилото на постигнат гол на гости.
2 Натпреварот бил одигран во Хертохенбос.
3 Паниониос бил исфрлен по одлука на УЕФА
Трето коло
Натпреварите биле одиграни на 23 и 24 ноември, а реванш натпреварите на 8 декември 1971 година.
Четвртфинале
Натпреварите биле одиграни на 7 и 9 март, а реванш натпреварите на 21 и 24 март 1972 година.
1 Ференцварош победил по правилото на постигнат гол на гости.
Полуфинале
Натпреварите биле одиграни на 5 и 19 април 1972.
Финале
Прв натпревар
Втор натпревар
|
---|
| Куп на УЕФА (1971-2009) | |
---|
| Финалиња | |
---|
| Лига Европа (2009-денес) | |
---|
| Финалиња | |
---|
|