Кончета Роза Марија Франконеро (родена на 12 декември 1937 година),[2] професионално позната како Кони Френсис, е американска поп пејачка и глумица од доцните 1950-ти и раните 1960-ти. Го носи прекарот „Прва дама на рокенролот“,[3] а се проценува дека ширум светот продала преку 100 милиони плочи .[4]
Во 1960 година, Кони Френсис се сметала за најуспешна жена уметник во Германија, Јапонија, Обединетото Кралство, Италија, Австралија и во секоја друга земја каде што се купувале нејзините плочи.[5] Таа била прва жена која се искачила на прво место на Billboard Hot 100.[6]
Живот и кариера
Детство
Кончета е родена во работничко семејство на италијански имигранти во Њуарк, Њу Џерси.[7]
Пораснала во италијанско-еврејско соседство, и течно го зборувала јидиш јазикот, и затоа подоцна снимала песни на јидишки и хебрејски.[7][8]
Во 1951 и 1952 година Френсис одела во средното уметничко училиште во Њуарк. Потоа со семејството се преселиле во Белвил, каде што во 1955 година дипломирала во тамошното средно училиште.[9]
Кога во декември 1950 година требало да се појави на проба за шоуто Скаути за таленти од Артур Годфри, Годфри ја посоветувал Кончета да го прифати уметничкото име Кони Френсис затоа што било полесно за изговарање. Речиси истовремено Кончета се вработила како пејач на демо плочи.[10]
1955–1957: Договор за снимање и комерцијални неуспеси
Во 1955 година, Startime Kids излезе од етерот. Во мај истата година, Џорџ Франконеро Постариот и нејзиниот менаџер Џорџ Шек собрале пари за снимање на четири песни кои се надевале дека ќе ги продадат на голема издавачка куќа. На крајот, откако MGM Records решиле да потпишат договор со неа, во основа тоа го направиле затоа што една песна што таа ја снимила, „Фреди“, случајно се совпаднала со името на синот на ко-извршниот директор на компанијата, Хари А. Мејерсон, кој сметал дека оваа песна ќе биде убав роденденски подарок. „Фреди“ бил прва издадена песна од Кони Френсис, но била комерцијално неуспешна, а такви биле и нејзините следни осум соло песни.[7]
И покрај неуспесите, Кони Френсис била ангажирана да пее на сцените за филмот „Рок, рок, рок “ од 1956 година и во рокенрол филмот од Ворнер Брадерс од 1957 година, „Џамбори“.[11]
Есента 1957 година, Кони со дуетот што го снимила со Марвин Рејнвотер: „The Majesty of Love“, се искачила на 93-то место на Billboard Hot 100.[12] На крајот, синглот се продал во преку милион примероци.[10]
1957–1959: Пробив
Договорот за снимање на Френсис со MGM се состоел од десет соло песни и еден дует. Иако со „The Majesty of Love“ Кони Френсис била на работ на успехот, сепак MGM Records се одлучила да не го обнови договорот по нејзината последна песна.
Кони размислувала да ја прифати четиригодишната стипендија по медицина која ѝ ја понудил Њујоршкиот универзитет. На нејзината последна сесија за снимање за MGM на 2 октомври 1957 година, ја снимила преработката на песната од 1923 „Who's Sorry Now?“. Кони рекла дека песната ја снимила на инсистирање на татко ѝ, кој бил убеден дека може да стане хит затоа што е песна што возрасните веќе ја знаеле, а на која тинејџерите би танцувале ако има современ аранжман.[13]
Francis, who did not like the song and had been arguing about it with her father heatedly, delayed the recording of the two other songs during the session so much that, in her opinion, no time was left on the continuously running recording tape. Her father insisted, though, and when the recording "Who's Sorry Now?" was finished, only a few seconds were left on the tape.[7]
Се чинело дека песната повторно поминала незабележано како и сите нејзини претходни песни, но на 1 јануари 1958 година песната била пуштена на шоуто Американска тезга на бендови од Дик Кларк. Кларк предвидел дека песната ќе се искачи на прво место, а Кони, која го гледала шоуто била изненадена кога била пуштена нејзината песна.
До средината на годината, биле продадени преку милион примероци, а Кони Френсис одеднаш била промовирана во светската ѕвезда. Во април 1958 година, "Who's Sorry Now?" се искачила на прво место на UK Singles Chart и на 4-то место во САД.[14] Следните четири години, Кони Френсис била избирана за „Најдобар женски вокал“ од гледачите на Американска тезга на бендови.[7]
По успехот на „Who's Sorry Now?“ MGM Records ѝ го обновила договорот. По релативниот неуспех на следните песни „I'm Sorry I Made You Cry“ (се искачила до 36-то место) и „Heartaches“ (која воопшто не се нашла на топ листите), Кони Френсис запознала Нил Седака и Хауард Гринфилд, кои напишале многу балади за неа. Седака ѝ ја отсвирал „Stupid Cupid“. Песната се искачила на 14-то место на Билборд и била нејзина втора песна која се нашла на врвот во Обединетото Кралство.[14]
По успехот со „Stupid Cupid“ кариерата на Кони била во успон, и до крајот на 1950-тите уште осум пати се нашла на топ-40 во САД.[14]
1959–1973: меѓународна ѕвезда
Во август 1959 година, татко ѝ ја наговорил да оди во Лондон за да сними италијански албум во студиото Abbey Road од EMI.[10] Албумот бил објавен во ноември 1959 година под наслов Connie Francis Sings Italian Favorites. Албумот наскоро се нашол на топ листите за албуми каде останл 81 недела, а се искачил до 4-то место. До денес, ова е најуспешниот албум на Френсис.
По овој успех, Кони Френсис снимила уште седум албуми со „омилени“ песни во периодот од 1960 и 1964 година, каде што меѓу другите се и омилените еврејски, германски и ирски песни.
Исто така, Кони Френсис продолжила да снима песни наменети за помладата публика. Меѓу нејзините топ-десет хитови на Hot 100 биле „ Breakin' in a Brand New Broken Heart “ (1961, 7-мо место), „When the Boy in Your Arms (Is the Boy in Your Heart)“ (1961, 10 место), „Second Hand Love“ (1962, 7 место) и „Where the Boys Are“ (1961 година, 4-то место).[14]
По успехот на „Connie Francis Sings Italian Favorites“ од крајот на 1959/почетокот на 1960 година, Кони Френсис станала една од првите американски пејачи кои редовно снимале песни на други јазици. Нејзиниот пример го следели други големи британски и американски ѕвезди, како Ванда Џексон, Клиф Ричард, Петула Кларк, Бренда Ли, the Supremes, Пеги Марч, Пет Бун, Лесли Гор, Битлси и Џони Кеш.
Кони Френсис во април 1960 година ја снимила „Everybody's Somebody's Fool“, која ќе стане прва песна од женски изведувач која се искачила на врвот на Билбордовиот Hot 100.[15] Таа со уште две песни се искачила на прво место во Западна Германија, „Paradiso“ во септември 1962 година и „Barcarole in der Nacht“ во јули 1963 година.
Големата популарност на Кони Френсис во странство довело до тоа да гостува на многу телевизиски шоуа во многу земји ширум светот, како во Британија, Германија, Шпанија и Италија. Дури и во екот на Студената војна, музиката на Френсис било добро прифатена во земјите од Железната завеса, а некои нејзини песни биле издадени од државни издавачки куќи како од Мелодија во поранешниот Советски Сојуз и од Југотон во поранешна Југославија.[16][16]
Во 1963 година, Кони Френсис ја објавила својата прва автобиографска книга - За секое младо срце.
Дискографија
Сингл плочи на топ листите
Година
Наслов
Место на листата
US Billboard
US Cashbox
US AC
US R&B
US Country
UK Chart
1957
"The Majesty of Love" (со Марвин Рејнвотер)
93
–
–
–
–
–
1958
"Who's Sorry Now?"
4
3
–
4
–
1
"I'm Sorry I Made You Cry"
36
31
–
–
–
11
"Stupid Cupid" / "Carolina Moon"
15
16
–
–
–
1
"Fallin'"
30
39
–
–
–
20
"Happy Days and Lonely Nights"
–
88;
–
–
–
"I'll Get By"
–
–
–
–
–
19
"Never Before"
–
99
–
–
–
–
1959
"My Happiness"
2
2
–
11
–
4
"You Always Hurt the One You Love"
–
–
–
–
–
13
"If I Didn't Care"
22
15
–
29
–
–
"Lipstick on Your Collar"
5
3
–
10
–
3
"Frankie"
9
9
–
17
–
–
"You're Gonna Miss Me"
22
33
–
–
–
–
"Plenty Good Lovin'"
69
63
–
–
–
18
"Among My Souvenirs"
7
5
–
10
–
11
"God Bless America"
36
36
–
–
–
–
1960
"Mama" / "Robot Man"
8
7
–
–
–
2
"Teddy"
17
31
–
–
–
–
"Everybody's Somebody's Fool"
1
1
–
2
24
5
"Jealous of You (Tango Della Gelosia)"
19
27
–
–
–
–
"My Heart Has a Mind of Its Own"
1
1
–
11
–
3
"Malagueña"
42
67
–
–
–
–
"Many Tears Ago"
7
9
–
–
–
12
"Senza Momma (With No One)"
87
–
–
–
–
–
1961
"Where the Boys Are"
4
4
–
–
–
5
"No One"
34
65
–
–
–
–
"Breakin' in a Brand New Broken Heart" / "Someone Else's Boy"
7
5
–
–
–
12
"Together"
6
7
1
–
–
6
"Too Many Rules"
72
64
–
–
–
–
"(He's My) Dreamboat"
14
22
–
–
–
–
"Hollyood"
42
26
–
–
–
–
"When the Boy in Your Arms (Is the Boy in Your Heart)"
10
8
2
–
–
–
"Baby's First Christmas"
26
52
7
–
–
30
1962
"Don't Break the Heart That Loves You"
1
2
1
–
–
39
"Second Hand Love"
7
7
3
–
–
–
"Vacation"
9
10
–
–
–
10
"The Biggest Sin of All"
116
89
–
–
–
–
"I Was Such a Fool (To Fall In Love With You)"
24
18
8
–
–
–
"He Thinks I Still Care"
57
51
18
–
–
–
"I'm Gonna Be Warm This Winter"
18
18
19
–
–
48
"Al di là"
90
87
–
–
–
–
1963
"Follow the Boys"
17
11
7
–
–
–
"Waiting for Billy"
127
–
–
–
–
–
"If My Pillow Could Talk"
23
16
–
–
–
–
"Drownin' My Sorrows"
36
34
–
–
–
–
"Mala Femmena"
114
–
–
–
–
–
"Your Other Love"
28
22
10
–
–
–
"In the Summer of His Years"
46
31
–
–
–
–
1964
"Blue Winter"
24
16
8
–
–
–
"Be Anything (But Be Mine)"
25
23
9
–
–
–
"Looking for Love"
45
34
–
–
–
–
"Don't Ever Leave Me"
42
37
–
–
–
–
"We Have Something More"
128
–
–
–
–
–
1965
"Whose Heart Are You Breaking Tonight"
43
42
7
–
–
–
"For Mamma (La Mamma)"
48
35
12
–
–
–
"Wishing It Was You"
57
49
14
–
–
–
"My Child"
–
–
–
–
–
26
"Forget Domani"
79
55
16
–
–
–
"Roundabout"
80
83
10
–
–
–
"Jealous Heart"
47
29
10
–
–
44
1966
"Love Is Me, Love Is You"
66
68
28
–
–
–
So Nice (Summer Samba)"
–
–
17
–
–
–
"Spanish Nights and You"
99
81
15
–
–
–
1967
"Time Alone Will Tell"
94
–
14
–
–
–
"Another Page"
–
99
–
–
–
–
"My Heart Cries for You"
118
96
12
–
–
–
"Lonely Again"
–
–
22
–
–
–
1968
"My World Is Slipping Away"
–
–
35
–
–
–
"Who Can Say Goodbye (A Comme Amour)"
132
–
27
–
–
–
"I Don't Wanna Play House"
–
–
40
–
–
–
1969
"The Wedding Cake"
91
97
19
–
33
–
1973
"The Answer - Should I Tie A Yellow Ribbon Around the Oak Old Tree"
↑ 10,010,110,2William Ruhlmann: Connie Francis 1955–1959, companion book to 5 CD Boxed Set White Sox, Pink Lipstick... and Stupid Cupid, Bear Family Records BCD 16 616 EI, Hambergen (Germany) 1993
↑ 16,016,1Ron Roberts: Connie Francis 1960–1962, companion book to 5 CD Boxed Set "Kissin', Twistin', Goin' Where the Boys Are", Bear Family Records BCD 16 826 EI, Hambergen (Germany) 1996