Комити (бугарски: Комити; српски: Комите; романски: Comitagiu; грчки: Κομιτατζής, plural: Κομιτατζήδες; турски: Komitacı; албански: Komit) или членови на Комитетот — учесниците на бунтовничките банди (чети) кои оперирале на Балканот особено при крајот на Отоманското Царство. Тие се бореле за ослободување од турската власт, а најпознати во Македонија биле комитите кои биле дел од Македонската револуционерна организација и подоцна ВМРО (Автономистичка).