Ковачилница — утврдена населба од железното и доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на 7 километри источно од Берово, лево од коритото на Брегалница, на височина скриена во планинскиот предел. Јужната и северната страна се стрмни и опкружени со суводолици, додека другите две се малку поблаги и преку мали преслапи се надоврзуваат на ридот Градиште. На самиот врв на височинката има елипсовиден простор, со димензии од 25x15 метри, опкружен со остатоци од бедем и речиси целиот покриен со кршен камен и згура од топена руда. На падините, особено од западната и југозападната страна, се среќаваат фрагменти од атипична керамика од железното време, како и од доцноантичкото време. Наоѓалиштето е доста прекопано од трагачи по злато.[1]
Поврзано
Наводи