Кисетарла — археолошко наоѓалиште во штипското село Почивало. Претставува средновековна црква со некропола. На 1,5 км источно од селото има урнатини од црквичка градена од приделкан камен и кал, со приближни димензии со 8 × 4 м. Околу неа има гробови со монолитни камени плочи.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 439. ISBN 9989649286.