Килибар, ќелибар или јантар претставува тврда кристализирана фосилна смола од растително потекло, најчесто со жолта боја. Килибарот се користи како состојка во парфеми, за лекување во народната медицина и за изработка на накит. Постојат пет класи на килибар, дефинирани врз основа на нивните хемиски составни делови.